Xiaomi подготвува смартфон на преклоп со ротирачки камери?

0
49


Новиот патент на Xiaomi открива смартфон со интересен дизајн.

Се работи за смартфон на преклоп како што cе Motorola Razr и Samsung Galaxy Z Flip, но со ротирачки камери. Овој механизам овозможува физичко ротирање на задните камери кон напред за да може да направите селфи фотографија.

Рендерите ги направи Lets Go Digital врз основа на скица од патентот.

Во горниот дел е копчето за отклучување и исклучување на уредот, како и копче за контрола на звукот. Под делот кој се ротира се наоѓаат звучници.

Овој патент не значи со сигурност дека Xiaomi ќе произведе ваков уред бидејќи произведувачите често ги патентираат уредите коишто никогаш не стигнуваат на пазарот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here