Потполно новата Toyota Yaris е прогласена за европски автомобил на годината за 2021 година.
Жирито беше составено од 59 новинари од цела Европа, а Yaris доби пофалби поради хибридната технологија, ниска емисија на штетни гасови и пристапна цена. Исто така Yaris има и одличен дизајн и безбедност.
Пред само неколку дена Yaris беше прогласен за најпродаван автомобил во Европа, а сега доби награда за најдобар европски автомобил.
Toyota досега има добиено три награди за автомобил на годината. Yaris од првата генерација победи во 2000 година, Prius 2005 и сега повторно во 2021 година.