TARF: Безжичен систем за подводна и воздушна комуникација

0
103
loading...

[ad_1]

Тим научници од MIT разви безжичен систем кој е во сосотојба да испраќа податоци од подводен извор кон воздушен, со помош на сигнали.

Никој досега не успеал да пронајде решение за комуникација меѓу подморница под вода и авион во лет. Кога нурнатите подморници сакаат да комуницираат со нешто над површината мораат да се појават над водите и со тоа да бидат разоткриени. Но, научниците од MIT развија безжичен систем кој испраќа звучни сигнали од подводен сензор кон површината каде вибрациите потоа ги детектира екстремно чувствителен радар, односно прима пораки од подводен извор.

loading...

Системот функционира и во немирно море, а научниците успешно го тестираа во базен со пливачи. Целиот систем е успешен благодарение на нови алгоритми за процесирање сигнали. TARF засега е во состојба да пренесува податоци со брзина од неколку стотини битови во секунда, а не е возможна ниту повратна комуникација од авион кон подморница. Научниците веруваат дека со помош на технологијата наскоро ќе успеат во многубројни примени. Според нив, оваа технологија би можела да се примени во испраќање извештаи директно кон авони и дронови додека се наоѓаат на  безбедна длабочина, а подводните сензори за истражување би ги испраќале податоците низ вода кон одредената цел.

Друга потенцијална употреба би била за лоцирање авион урнат во океан. Системот би емитувал сигнал до површината со цел авионот да биде пронајден.

Извор: kajgana.com

Преземањето на овој текст или делови од него без непосреден договор со редакцијата на ГСМ Медиа значи експлицитно прифаќање на
условите за преземање, кои се објавени тука.

Не пропуштајте:



[ad_2]

Source link

loading...