SpaceX и НАСА лансираат астронаути во вселената, следете во живо

0
8


SpaceX вечерва од Флорида треба да лансира двајца Американци во орбитата, тоа ќе биде прв лет на астронаути на НАСА од американска територија по 9 години.

SpaceX така ќе стане првата приватна компанија која ќе лансира луѓе во вселената. Планирано е ракетата Falcon 9 да полета од Вселенскиот центар Кенеди.

НАСА лансирањето го пренесува во живо на YouTube, а пред лансирањето ќе емитува програма поврзана со полетувањето.

Летот на астронаутите Даг Харли и Боб Бенкен во новата капсула Crew Dragon кон Меѓународната вселенска станица ќе трае 19 часа. Ако дојде до одложување, новото лансирање планирано е за сабота наутро.

За Маск ова ќе биде уште еден голем успех, но и за НАСА. Астронаутите Харли и Бенкен на Станицата треба да останат неколку недели како помош на екипажот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here