Чешкиот производител на автомобили Škoda ги претстави новите Monte Carlo верзии на Scala и кросоверот Kamiq.
Scala и Kamiq Monte Carlo имаат уникатен дизајн и опрема која повеќе не може да се пронајде во друга понуда.
Моделот Kamiq е збогатен со прекрасни црни детали, уникатни ознаки, и преден браник.
Scala доби црна решетка за ладилникот и поинаков дизајн на предниот браник.
Промените во внатрешноста вклучуваат спортски седишта, спортски менувач, алимуниумски педали.
Црниот кров, новите облоги на вратите и црвеното амбиентално осветлување се дел од верзија на Monte Carlo.
Двете Monte Carlo верзии имаат 1,0-литарски турбо бензин кој развива 113 коњски сили, односно 1,5-литарски турбо бензин кој испорачува 148 коњски сили.