Samsung Galaxy M30: Моќни и врвни спецификации по ниска цена

0
18
loading...

[ad_1]

Новата Galaxy M линија на Samsung е наменета за оние кои се во потрага по буџетски смартфон, но со моќни перформанси. Првите уреди во серијата, Galaxy M10 и Galaxy M20, нудат токму такви карактеристики:.
Samsung Galaxy M30: Моќни и врвни спецификации по ниска цена

Двата смартфони доаѓаат со LCD панели (6.2 инчен кај M10 и 6.3 инчен кај M20), дуален систем камери на задната страна и големи батерии во внатрешноста, M10 од 3400mAh и M20 од 5000mAh.

Покрај нив, Samsung ќе претстави уште еден смартфон во серијата, Galaxy M30, кој ќе има најмоќни спецификации меѓу трите. Имено, на предната страна ќе има 6.4 инчен LCD панел со Infinity-V дизајн и резолуција од 1080 x 2210 пиксели. Под хаубата, ќе се наоѓа Exynos 7904, заедно со најмалку 6GB RAM и 128GB меморија.

Како и кај поголемиот дел од премиум уредите, M30 на задната страна ќе содржи три камери – главната ќе биде од 13 мегапиксели, додека втората и третата ќе бидат од 5 мегапиксели. На предната страна, селфи камерата ќе биде од 16 мегапиксели. Скенерот за отпечатоци ќе биде под задните камери. Исто како M20, ќе работи на батерија од 5000mAh.

loading...

Бидејќи M10 и M20 чинат околу 110 и 155 долари, слична, но малку повисока цена очекуваме и за M30. 

[ad_2]

Source link

loading...