Samsung се подготвува за лансирање на првиот 5G таблет во светот

0
97


Таблетот на Samsung Galaxy Tab S6, наскоро ќе биде достапен со поддршка на 5G мрежа.

Samsung Galaxy Tab S6 5G се наоѓа на веб-страницата на јужнокорејскиот гигант како производ кој наскоро пристигнува во продажба, иако компанијата официјално не го најави уредот.

Нема податоци за тоа колку ќе чини овој таблет, ниту какви ќе бидат неговите спецификации освен тоа дека ќе ја поддржува 5G мрежата.

http://kajgana.com/

Исто така, не е познато кога ќе пристигне на пазарот, пишува Verge.

Според предвидувањата на технолошките аналитичари, постои можност дека таблетот ќе биде ист како Tab S6, само со 5G варијанта. Инаку, Tab S6 кој беше претставен во септември оваа година има Snapdragon 855 процесор.

Многумина го опишуваат како уред со елегантен дизајн и брзи перформанси.

Во меѓувреме, се шпекулира дека Huawei исто така работи на 5G таблет, но не е познато кога ќе го претстави моделот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here