Samsung ги претстави новите модели Galaxy A71 и Galaxy A51

0
144


Samsung ги претстави новите два модела од серијата А, Galaxy A71 и А51.

Новите два модела наговестуваат како ќе изгледа новиот Samsung S11.

Смартфоните А71 и А51 се многу слични.

Имаат AMOLED екран со централно позиционирана селфи камера.

http://kajgana.com/

 

Според неофицијалните рендери кои ги видовме во ноември, вака ќе изгледа и новиот S11 кога ќе се појави во февруари наредната година.

А51 и А71 имаат препознатлив патерн наречен Prism Crush, кој најверојатно ќе го има и новиот S11.

Што се однесува на новите модели од серијата А, тие имаат одлични спецификации.

http://kajgana.com/

Samsung Galaxy А71 има 6,7 инчен екран со резолуција 2.400×1.080 пиксели, неименуван окта-кор процесор, 6 или 8 GB RAM, 128 GB интерна меморија, microSD слот, четири задни камери меѓу кои главната има 64 MP, селфи камерата има 32 MP.

Сензорот за отпечаток од прст е втиснат на екранот, а батеријата има 4.500 mAh.

Достапен е во четири бои, црна, сребрена, сина и розова.

А51 има 6,5 инчен екран со иста резолуција, неименуван окта-кор процесор, 4,6 или 8 GB RAM, 64 или 128 GB интерна меморија, microSD слот, четири задни камери од кои главната има 48 MP, a селфи камерата има 32 GB.

Samsung Galaxy A51 има батерија од 4.000 mAh.  

Достапен е во црна, бела, сина и розова боја.

Samsung Galaxy S11 ќе има главна камера од 108 MP и ќе биде една од најмоќните во светот на смартфоните.

A51 чини најмалку 350 долари во Виетнам, а цената на моделот А71 сè уште не е позната.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here