Одлична вест за оние коишто не се љубители на автоматскиот менувач. Porsche, актуелните модели 991, Carrera S и 911 Carrera 4S наскоро ќе ги понуди во комбинација со рачен 7-степен менувач.
Од Porsche сè уште не ги објавија официјалните податоци, но најавија дека поседува 6-цилиндричен boxer мотор со 450 коњски сили. Автомобилот поминува од 0 до 100 км/ч за помалку од четири секунди, при што достигнува брзина од 306 км/ч.