Pfizer и Moderna ги зголемија цените на вакцините за ЕУ

0
19


Фармацевтските компании Pfizer и Moderna ги зголемија цените на вакцините против COVID -19 во новите договори со ЕУ, пишува британскиот дневен весник Financial Times.

 

Новата цена на вакцината Pfizer е 19,5 евра, а изнесуваше 15,5 евра, додека вакцината Modera во првиот договор чинеше околу 19 евра, а сега 25,5 евра по доза.

Весникот пишува дека договорите биле постигнати во комплицирано време за програмата за вакцинација на ЕУ, која се соочува со проблеми со испорака на дози на вакцини AstraZeneca и Johnson&Johnson, бидејќи здравствените власти истражуваат случаи на згрутчување на крвта, поврзани со овие вакцини.

Брисел се соочува и со критики од членовите предводени од Австрија, кои ја обвинуваат Европската комисија за „нефер“ распределба на вакцините и тврдат дека неколку земји се соочуваат со недостаток на дози поради системот на ЕУ.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here