Peugeot ќе го произведува моделот e-Legend само доколку…

0
44
loading...

[ad_1]

Несомнено, еден од најпривлечните автомобили, иако претставен како концепт, на саемот за автомобили во Париз беше Peugeot e-Legend.

Овој автомобил кој е инспириран од легендарното 504 купе од минатиот век, е дизајниран од страна на Пининфарина. Благодарение на ретро дизајнот збогатен со бројни модерни технологии придонесе за интересот за овој автомобил да е поголем од очекуваното.

Сето тоа придонесе првичниот став на францускиот производител за непроизводството на овој автомобил полека да омекнува, а Peugeot ќе започне со производство на овој автомобил само доколку интерес пројават 500.000 заинтересирани купувачи. Ова јавно го соопшти директорот на компанијата Жан Филип Императо.

loading...

Набргу по оваа вест заинтересираните купувачи покренаа петиција и во моментов истата е потпишана над 40 илјади луѓе. Доколку и вие сте еден од заинтересираните купувачи или би сакале да го видите овој автомобил во сериско производство тогаш потпишете се ТУКА.

 



[ad_2]

Source link

loading...