L’Équipe: Меси е најплатен светски фудбалер

0
92


Аргентинецот Лионел Меси е најплатен фудбалер во светот, според ранг листата што ја состави француски L’Équipe.

Месечната бруто плата на капитенот на Барселона е 8,3 милиони евра за разлика од Кристијано Роналдо кој во Јувентус заработува 4,5 милиони евра. Трет е Бразилецот Нејмар чии 3 милиони евра во ПСЖ го прават најплатен играч во Франција.

По нив е напаѓачкиот двоец на Барселона, Антоан Гризман и Луис Суарез кои на „Камп Ноу“ имаат плата од приближно 3 милиони евра.

Во топ 10 има и двајца членови на Реал Мадрид – Герет Бејл и Еден Азар кои се платени по 2,5 милиони евра месечно.

Алексис Санчез кој пред да премине во Интер заработуваше 2,3 милиони евра во Манчестер Јунајтед, исто колку и Фелипе Кутињо (Барса го позајми на Баерн Минхен).

На последното место на листата на десет најплатени фудбалери во светот е француски репрезентативец Килијан Мбапе со месечна плата од околу 2 милиона евра.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here