Facebook отстрани повеќе од девет милиони објави со говор на омраза

0
42


Компанијата Facebook ја информира јавноста за драстично зголемување на бројот на отстранети објави што промовираат насилство и говор на омраза, што сега се припишуваат на подобрувањата во технологијата за автоматско препознавање на текст и фотографии, известува Guardian.

Најголемата светска компанија за социјални медиуми тврди дека во првиот квартал од годината отстранила околу 4,7 милиони објавувања поврзани со организирани групи кои промовираат омраза, споредено со 1,6 милиони што биле отстранети во претходниот квартал.

Исто така, компанијата соопшти дека во првиот квартал биле отсртанети 9,6 милиони објави на Facebook што содржеле говор на омраза, наспроти 5,7 милиони во последниот квартал од минатата година.

Facebook ги објави податоците како дел од својот петти Извештај за имплементација на стандардите на заедницата, што го воведе како одговор на критиките за слабиот надзор на своите платформи.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here