Facebook изгуби 50 милијарди долари

0
122


Иако важи за една од најпопуларните друштвени мрежи, сепак Facebook не може да се пофали со најуспешна година зад себе. Акциите на компанијата забележаа пад за 8 проценти откако компанијата во средата го објави извештајот за заработка во четвртото тромесечје за 2019 година.

Овој пад доведе до пад на пазарната вредност на компанијата за дури 50 милијарди долари и сега вреди помалку од 600 милијарди долари, пишува NBC News.

Падот на акциите следеше по извештајот за пораст на трошоците на Facebook за дури 51 процент во 2019 година, во споредба со 2018 година. Трошоците се поврзани со подобрување на приватноста и безбедноста на корисниците на кои оваа социјална мрежа работи откако се соочи со јавни критики.

Освен зголемените трошоци за подобрување на безбедноста, Facebook работи и на промени поврзани со рекламирањето, а тоа го забавува развојот. Од компанијата велат дека подобрувањето на приватноста во софтверите на iPhone уредите на Apple и Android уредите на Google, може негативно да влијае на таргетирањето во текот на огласувањето на социјалната мрежа.

Но, трошоците  и проблемите ќе бидат уште поголеми во 2020 година. Марк Закерберг изјави дека приватноста ќе биде приоритет годинава.

„Ќе биде потребно време, но во идната деценија сакаме да изградиме репутација на компанија која има силна приватност, која е стабилна како и нашите останати услуги“, изјави тој во средата.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here