COVID-19: Дали цела Европа го применува шведскиот модел, ама никој не признава?

0
5


Со најавата за нов бран на пандемијата, европските земји повторно воведуваат засилени мерки, а експертите проценуваат дека Европа сè повеќе се обидува да го примени шведскиот модел.

Главната основа на тој модел, пишува New York Times, е довербата во одговорноста на секој граѓанин.

„Новото нормално“ е најнеобично во Шведска, која е речиси единствената земја на Запад што одби да воведе целосно затворање пролетва и немаше други задолжителни рестриктивни мерки.

За време на „Црната пролет“, Шведска не ги затвори своите граници, јавниот превоз функционираше непречено, па дури и рестораните, кафулињате, јавните институции, фризери и студија за јога останаа отворени.

Спречувањето на заразата се засноваше на познатата шведска солидарност и доверба, односно на довербата на властите во граѓаните дека мерките како одржување на дистанца и редовна хигиена на рацете ќе се применуваат доброволно и беспоговорно. Дали тоа беше правилна одлука или не, со месеци е предмет на дебата низ целиот свет.

Многу научници тврдат дека ваквото однесување резултирало со зголемување на смртните случаи од коронавирусот, додека полибертаријански насторените политичари и активисти тврдат дека Шведска може да биде пример за сите земји, а водечките шведски здравствени експерти велат дека шведскиот модел бил адекватен и спречил економски колапс на земјата.

Шведска призна дека пристапот можеби не бил совршен и дека биле направени грешки, особено во домовите за стари лица каде беа регистрирани голем број смртни случаи. Анализите покажуваат дека стапката на смртност во ваквите установи во Шведска била значително поголема отколку во соседните земји кои избраа некаква форма на карантин.

Но, New York Times го покренува прашањето дали евентуалниот низок раст на нови случаи во Шведска, во споредба со релативно високиот раст во другите европски земји, покажува дека Шведска најде рамнотежа, нешто за кое другите земји копнееја со месеци.

Или, тоа е само привремена аберација што ќе им се удри од глава со доаѓањето на оној посилен нов бран што се предвидува, пренесува Јутарњи лист.

„Ситуацијата досега изгледа позитивно“, рече Андерс Тегнел, главен епидемиолог во Шведска, кој се стекна со светска слава со своите либерални мерки во борбата против COVID-19.

Шведска има околу 10 милиони жители, а во просек има само 200 нови инфекции на ден во последните неколку недели, иако последниве денови бројот се искачи на 380 лица. Франција и Шпанија, кои и покрај строгите ограничувања, бележат над 10.000 заразени на ден.

Критичарите на послободниот модел имаат одговор и на ова тврдење – тие сметаат дека Шведска тестира премалку луѓе, така што релативно нискиот број на новоинфицирани е резултат на недоволен „скрининг“ на граѓаните.

Повторно, овие тези можат да бидат доведени во прашање бидејќи бројките покажуваат дека од сите тестирани, само 1,2 проценти се позитивни во Шведска, додека седум проценти се позитивни на северозападот на Велика Британија.

New York Times потсетува дека ако се воочи нов бран на пандемијата, многу европски земји ќе се одлучат за построги ограничувања. Сепак, политичките лидери кои се свесни дека новата блокада може да предизвика непредвидени проблеми, бараат максимално почитување на здраворазумните мерки, како што се хигиена, држење дистанца и носење маска, сето тоа за да се спречи колапс на економијата што ќе ги затвори училиштата, бизнисите, продавниците и баровите и рестораните.

Затоа, велат експертите, и покрај ограничувањата, Европа сè повеќе се обидува да го спроведе шведскиот модел, чија главна основа е довербата во одговорноста на секој граѓанин.

„Сите европски земји денес горе-долу го комбинираат својот пристап – тестирање, карантин и следење на контактите на заразените – со шведскиот модел, но никој не сака да го каже тоа отворено. Наместо тоа, тие постојано прават карикатура на Шведска, нарекувајќи го нивниот модел нехуман и неуспешен“, смета Антоан Флахолт, директор на женевскиот Институт за глобално здравје.

Единствената построга мерка воведена во Шведска е дека се забрануваат собири на повеќе од 50 луѓе, вклучително и во музеи или на спортски настани, но шведскиот модел, посочува Флахолт, се засноваше на „самозаклучување“, односно доверба во граѓаните да се грижат сами за себе и своето здравје во борбата против заразата без никој да мора да им ја наметнува.

Тегнел признава дека е можно Шведска во моментов да е во добра состојба и дека може да премини во лоша. Тој додаде дека во некои случаи, земјата може да донесе мерки како што е воведување на обврска за носење заштитни маски, но само во локалните жаришта.

Сепак, додаде тој, размислувајќи за изминатата пролет од денешна гледна точка, можеби би додал мерки како локални ограничувања на движењето или затворање на некои училишта. Главниот шведски епидемиолог продолжува да истакнува дека доброволното одржување на дистанца се покажало како поуспешна мерка отколку, на пример, маските што, како што вели, би можеле да им дадат на луѓето лажно чувство на безбедност.

Ситуацијата денес е радикално различна од пролетната и во шведските болници, каде на почетокот на епидемијата, амбулантите постојано примаа нови случаи на COVID-19.

„Во април, се чинеше дека скоро сите имаат Ковид. Сега има многу помалку пациенти”, рече Карин Хилдебранд, кардиолог на одделот за интензивна нега на болницата Södersjukhuset.

За време на првиот бран, таа ги предупреди Швеѓаните дека ситуацијата е смртно сериозна и дека мерките мора да се почитуваат. Сега, вели таа, подготвена е за потенцијален нов бран, пишува New York Times.

„Го сменивме однесувањето. На пример, веќе не гледам луѓе да се поздравуваат со рака. Животот се врати во нормала, со мали промени. Се разбира, секогаш може да ни дојде друг бран, но мислам дека сме подготвени за тоа”, вели таа.

Некои експерти веруваат дека Шведска има речиси целосно воспоставена контрола врз епидемијата.

„Постојат индикации дека Швеѓаните создадоа еден вид имунитет на болеста што, меѓу другото, го одржува коронавирусот под контрола. Првично, можеше да се избегне висока стапка на смртност, но Шведска ја врати контролата врз болеста во средината на април. Шведска е далеку од славниот имунитет на стадо, но можеме да заклучиме дека почитувањето на мерките на социјална дистанца даде резултати и се покажа како клучно во борбата против коронавирусот “, заклучува Ким Снепен, професор по биодиверзитет на Институтот Нилс Бор.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here