BMW го изложи својот единствен пикап

0
116


Единствениот модел на камионет на BMW ќе може да се види во своевидниот музеј на баварскиот производител на автомобили, во близина на седиштето на компанијата, BMW Welt.

X7 Pickup е изложен со F 850 GS мотоцикл во товарниот дел, исто како на промотивните фотографии објавени во јули.http://kajgana.com/

Уникатниот пикап X7 е 10 сантиметри подолг од SUV моделот. Но и 200 килограми полесен, благодарение на употребата на пластика закајната со карбонски влакна.

http://kajgana.com/

Кога товарниот дел е затворен, може да се смести предмет долг 140 сантимети, а со спуштена „вратничка“ и до 200 сантиметри.

Под ознаката X7 xDrive40i, изложениот модел има специјална боја – Tanzanite Blue Metallic.

http://kajgana.com/

Во просторниот патнички дел на пикапот може слободно да се сместат пет лица и може да се очекува најголемата удобност што едно BMW може да ја пружи.

http://kajgana.com/

Останува да видиме дали компанијата ќе ја смени одлуката и ќе почне со сериско производство на пикапот за кој се претпоставува дека би имало голема заинтересираност, особено во САД каде овие модели се особено барани.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here