Air Serbia на 21 мај почнува со летови за четири европски дестинации, од 7 јуни и за Скопје

0
52


Авио компанијата Air Serbia објави дека од 21 мај ќе ги врати летовите на ограничен број дестинации, кон Лондон, Цирих, Франкфурт и Виена, и дека овие летови ќе бидат редовни.

– Сè е подготвено, од следната недела нашите авиони ќе продолжат со редовен патнички сообраќај кон Лондон, Виена, Цирих и Франкфурт, изјави Никола Вукомановиќ од Air Serbia за Танјуг.

Тој додаде дека бројот на неделни летови ќе зависи од побарувачката на патниците, но и од ограничувањата на регулаторните тела во земјите кон кои лета Air Serbia.

– Во исто време, работиме на обнова на регионалните линии и до крајот на денот или утре ќе се знае за кои градови во регионот ќе летаме, што може да дознаете и од редот на летање на нашиот сајт, кажа Вукомановиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, според објавениот распоред на летови за периодот од 21 мај до 14 јуни, објавен на веб-страницата на Air Serbia, може да се види дека летовите кон земјите од регионот ќе започнат од 1 јуни.

Според објавениот распоред, од 1 јуни Air Serbia ќе лета кон Подгорица и Тиват, од 4 јуни до Сараево, од 5 јуни до Бања Лука и Љубљана, а од 7 јуни до Скопје.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here