9 воспитни методи со кои децата растат во успешни личности

0
117


Научниците од Медицинскиот факултет во Њујорк откриле дека децата чии родители им читале секој ден имаат побогат речник и се писмени уште пред да тргнат во училиште. Кои други воспитни методи се препорачуваат за детето да израсне во успешна личност?

1. Не им кажувајте дека можат да бидат сѐ што сакаат

Според истражувањата спроведени на 400 американски тинејџери, тие не се заинтересирани за професиите кои доминираат на пазарот. Наместо тоа, сакаат да бидат спортисти, музичари или дизајнери на апликации и видеоигри – работи кои претставуваат само еден процент од бараните професии. Се предвидува дека во наредните децении ќе се бараат вработени во здравството и градежништвото, па зошто да не го посочите детето кон добро платена професија?


2. Вечерајте заедно како семејство

Според истражување спроведено на Харвард, децата кои приближно пет дена во неделата јадат заедно со семејството се помалку насилни, имаат помалку потешкотии за време на пубертетот и се помалку депресивни. Исто така, овие деца имаат висок просек на оценките во училиште, побогат речник и поголема самодоверба.

3. Што помалку време пред екраните за сите во семејството

Кај малите деца кои премногу време поминуваат користејќи телефон или таблет може да се јави промена на мозокот. Односно се спречува нормалниот развој на некои способности, како на пример фокусирањето, говорот и социјализацијата. За децата на возраст од две до пет години се препорачува користење електронски уреди само еден час дневно.

4. Не работете од дома

Секако дека семејството има корист доколку мајката работи од дома, но научниците тврдат дека ќерките чии мајки работат надвор од домот имаат поголеми шанси да ја унапредат својата кариера и да бидат повлијателни и побогати.

5. Пуштете ги децата да помагаат по дома

Истражувањата велат дека сите кои постигнале успех на професионално поле како деца имале многу домашни работи и помагале при чистење и средување на домот.

6. Одложување на задоволствата

Еден експеримент што бил направен во 1972 бил се состоел од следното: На едно мало дете му било дадено маршмелоу и му било ветено уште едно доколку се воздржи да не го изеде првото откако истражувачот ќе излезе од собата на 15 минути.

Овој експеримент открил дека децата кои можеле да се воздржат да не го изедат, пораснале во луѓе со подобри социјални вештини, подобри резултати при разни испитувања и биле помалку агресивни. За да можат вашите деца да ги стекнат овие вештини, вежбајте ги да стекнат навика која мора да ја исполнуваат секој ден, иако не им се допаѓа.

7. Читајте им

Родителите кои им читаат на децата им помагаат да имаат подобар речник и да можат полесно да учат. Децата кои сакаат книги ќе пораснат во луѓе кои читаат од забава, а тоа има низа предности. Читањето од задоволство е поврзано со подобро разбирање на правописот и математиката.

8. Поттикнувајте ги што повеќе да патуваат

Според истражувањата, луѓето кои патуваат имаат поголема толеранција кон другите култури и етнички заедници, поголема самодоверба и поголема почит. Тие, исто така, можат полесно да се изразат и имаат поголема желба за учење нови работи.

9. Пуштете ги да паднат

Една од најдобрите работи што можете да ги направите за детето е да го пуштите да падне. Кога ќе доживее неуспех, детето учи како да се соочи со последиците од сопствените постапки. Исто така, тоа е искуство потребно за да изгради отпорност.

Во воспитувањето на детето играат улога и други фактори, како името на детето, што всушност е побитно отколку што мислите.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here