6 јануари 1412, родена е Јованка Орлеанка

0
113


На денешен ден во гратчето Домреми-ла-Писел е родена Жан, француска национална хероина од Стогодишната војна (1337-1453).

На младата селанка, на која „гласовите од небото” ѝ наредиле да ја спаси Франција, кралот Карло VII ѝ доверил и водство на еден воен одред од 800 воини и таа во 1429 година го спасила градот Орлеан од англиските освојувачи.

Подоцна паднала во рацете на бургундинците (приврзаничка партија на англискиот крал) кои ја предале на Англичаните. Била прогласена за вештерка и осудена од црковниот суд на смрт со спалување, што било извршено во Руан на 30 мај 1431 година.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here