6 февруари 1958, се урна авионот со фудбалерите на Манчестер Јунајтед

0
95


Најголемата трагедија во англиската спортска историја e онаа кога авионот со играчите на Манчестер Јунајтед не успеа да полета од Минхен уривајќи се при третиот обид.

Во авионот беше славната генерација наречени „Базбиеви бебиња“ поради својот тренер Мет Базби кој од академијата ги направи играчи. Осуммина од нив загинаа во Минхен: Роџер Брн, Еди Колман, Марк Џонс, Данкан Едвардс, Били Вилан, Томи Тејлор, Дејвид Пег и Џеф Бент, додека Џеки Бленчфлауер и Џони Бери заработија повреди кои им ставија крај на кариерите.

Манчестер гостуваше во Белград кај Црвена звезда во четвртфиналето од Купот на шампионите. Се избори за 3:3, резултат кој го однесе во полуфиналето. Авионот Airspeed AS-57 Ambassador на British European Airways со број 609, застана во Минхен да наполни гориво и при третиот обид за полетување кон Манчестер се урна поради кашест снег.

Преживеаја деветмина играчи меѓу кои и Боби Чарлтон кој потоа со Англија во 1966 година стана светски шампион. Останатите се Бил Фолкс, Хари Грег, Кени Морганс, Алберт Скенлон, Денис Вајолет, Реј Вуд, како и тренерот Мет Базби.

Меѓу загинатите, вкупно 23, се и копилотот, еден стјуард, клупскиот секретар, двајца тренери, 8 новинари и двајца други лица.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here