6 уникатни ритуали за убавина на Фрида Кало

0
104


И покрај фактот дека Фрида Кало не била воодушевена од нејзините лични карактеристики, таа одбивала да ги прикрие со шминка. Современиците не ја сметале за убава, мексиканската уметница Фрида Кало, но нејзиниот уникатен изглед и личност сè уште се инспирација за уметниците и денес.

Одбравме неколку клучни ритуали преку кои Фрида Кало го покажувала својот комплексен однос кон убавината.


1. Поигрување со андрогиниот стил

На своите слики, Фрида честопати ги преувеличувала челото и мустаќите, нагласувајќи ја двојноста на машкоста и женскоста. Таа била привлечена од андрогиниот изглед, иако не била задоволна поради него.

Таа изјавила дека не е премногу среќна поради тоа што има прилично изразени машки карактеристики: „На моето лице, ми се допаѓаат веѓите и очите. Сè друго не ми се допаѓа. Имам дури и мустаќи“.

2. Црвеното како симбол на здравјето

Критичарите внимателно ги анализирале сликите на Фрида и ја откриле поврзаноста помеѓу сопственото здравје и употребата на црвената боја. Кога се преселила во Сан Франциско, користела сјајно руменило и црвен кармин на автопортретите. Во најлошите периоди од нејзиниот живот, кога болката во грбот била неподнослива, таа се изразувала употребувајќи бледи, сиви и безбојни тонови.

Самата уметница изјавила дека црвената боја за неа значи еротика и протест. Фрида многу сакала да користи кармин и секогаш оставала отпечаток од усните на љубовните писма и фотографиите што ги испраќала до своите партнери.

На пример, во 1939 година, таа му испратила писмо на својот сакан Николас Мурај во кое имало многу отпечатоци од усните: „Му испраќам милиони бакнежи на твојот убав врат за да му биде подобро. Тебе, мојот најмил Ник, моето срце, крв и природа. Те обожувам“.

6 уникатни ритуали за убавина на Фрида Кало

3. Молив што ги потенцира веѓите

По смртта на Фрида во 1954 година, нејзиниот сопруг Диего Ривера ги затворил бањата и спалната соба за да го зачува неговиот идентитет колку што е можно подолго. Неколку години подоцна, по неговата смрт, историчарите на уметноста ги обновиле сите средства што таа ги користела. Фрида претпочитала да користи дебел слој пудра во прав, а врз тоа оризов прав.

За ноктите,избирала црвени нијанси, а обожувала и розов руж. Таа одбивала да ги отстрани мустаќите над горната усна и ги потенцирала веѓите со специјален креон и црн пигмент што го стимулирал растот на влакната.

4. Првата „трендсетерка“

Фрида не била сигурна во својата насмевка заради искривените заби што биле оштетени поради склоноста кон алкохолот и слатките. Но, наместо да ги крие, таа преку нив ја покажувала својата уникатност.

Таа имала комплета протези, едната изработена од злато, а другата од дијаманти. И двете биле изгубени, но сепак тие биле пример за тоа како секоја несовршеност може да се претвори во достоинство.

6 уникатни ритуали за убавина на Фрида Кало

5. Љубов кон острите мириси

Пријателите на Фрида секогаш велеле дека знаат кога таа се приближува бидејќи мирисала на јасмин и мед со додаток на мирис од каранфили. Таа го користела парфемот „Shocking“ од Елса Шиапарели. Парфемот бил прогласен за скандалозен и јавноста негодувала поради пакувањето во форма на женска фигура.

Фрида никогаш не го криела фактот дека е привлечена од женско тело, а нејзината бисексуалност дури е и видлива на неколку нејзини слики. Едно од нејзините најпознати дела, „Две голи во шума“, наводно било инспирирано од нејзината афера со актерката Долорес дел Рио.

6. Свежото цвеќе како симбол на плодноста

Брендираната цветна круна не е само детаљ на сликата – секој цвет е симбол на плодноста. Обично одбирала цвеќиња од сопствената градина.

Плодноста и цвеќето биле опсесивни мотиви за Фрида и тоа е видливо во многу нејзини дела бидејќи очајно посакувала да стане мајка. Уметницата забременила трипати, но никогаш не родила поради спонтаните абортуси кои ги доживувала.

Можеби сакате да прочитате и дека Ванс ја објави новата модна колекција инспирирана од Фрида Кало.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here