4 филмови што го слават животот и сите негови убавини

0
9


Пролетта секогаш носи со себе ентузијазам и желба за големи животни промени. Периодот на будење на природата ја буди и енергијата во вас што ја имате акумулирано во текот на зимата. Затоа, не треба да бидете изненадени што во тој период сте поактивни, повеќе се дружите и гледате филмови и серии кои ќе ве инспирираат и ќе ве потсетуваат колку е прекрасен и убав животот. Овие 4 филмови ќе ве инспирираат и ќе ве натераат да станете повесели и поведри.

„Почетници“ („Beginners“)

Филмот „Почетници“ е прекрасна приказна која докажува дека никогаш не е доцна да тргнете по патот по којшто отсекогаш сте сакале да одите. Оливер, 38-годишен графички дизајнер, ќе ве однесе на петгодишно патување составено од низа меѓусебно поврзани моменти што се случиле во период од пет години. Пред пет години, прво умира неговата мајка, а потоа неговиот татко признава дека е хомосексуалец и започнува заеднички живот и отворена врска со многу помлад маж. Кога дознава дека неговиот татко има рак, Оливер решава да му се приближи и да открие сè за неговиот нов живот. Сето ова го наведува да се сретне со една убава француска актерка со која решава да започне врска. Оваа прекрасна приказна е полна со сцени кои го слават животот и ќе ве потсети дека преку сопствената животна авантура треба да ги правите оние работи што го забрзуваат чукањето на срцето.


„Чарли Бартлет“ („Charlie Bartlett“)

Светската кинематографија е полна со млади тинејџерски ликови кои многупати нè научија на многу повеќе работи за животот отколку возрасните околу нас. Чарли Бартлет е еден таков лик. Чарли живее во огромна куќа со мајка што е во депресија и се бори со сопствените демони. Неговиот татко е во затвор поради затајување данок, што дополнително ја комплицира целата негова приказна. Откако го исфрлиле од неколку приватни училишта, Чарли е принуден да оди во државно училиште, каде што започнува вистинска авантура продавајќи лекови за нерви и советувајќи ги своите соученици на сесиите што ги одржува во училишниот тоалет. Преку својата и приказната за ликовите што ги среќава, Чарли ќе ве научи дека животот започнува само кога ќе ги ослободите сопирачките и ќе престанете да живеете во вашата удобна зона.

„Животот како дом“ („Life as a House“)

Кога Џорџ дознава дека умира од рак, тој одлучува да ги помине последните денови покрај море и да изгради куќа на остатоците од куќата што му ја оставил неговиот покоен татко. Неговата единствена желба е да ја изгради таа куќа со неговиот син Сем, кој одбива да му се придружи. Но, Џорџ не се откажува од својот план и заедно со својата поранешна сопруга му даваат до знаење на Сем дека тој мора да оди. Сем првично одбива да соработува, а кога ќе останат без пари, единствениот извор на приход лежи во помагањето во изградбата на куќата. Сем и Џорџ наскоро почнуваат да се зближуваат, а во нивното дружење и работење заедно има голем број животни лекции од кои ќе научите многу.

„Низ универзумот“ („Across the Universe “)

Едноставно е невозможно да се опишат некои филмови, а таков е мјузиклот „Низ универзумот“. Наречен по истоимената песна од Битлси, филмот е придружуван од песни од група која совршено се вклопува во приказната за љубовта, револуцијата и борбата против војната во Виетнам. Џуд и Луси, главните ликови на овој живописен филм, ќе ве одведат низ неверојатна приказна и ќе ве потсетат дека за љубовта и слободата во животот секогаш мора и треба да се борите.

Прочитајте кои неверојатни шпански филмови и серии вреди да ги изгледате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here