4 модели на хулахопки кои се апсолутен хит оваа сезона

0
90


Есента е на многумина омилено годишно време за правење модни комбинации заради можноста да носиме долги фустани, капути и чизми, а со ова доаѓа и употребата на хулахопките. Оваа година тие се толку популарни што слободно можете да дозволите да бидат главниот печат на секоја ваша модна комбинација.

1. Неодоливи точки

Овој дезен на хулахопки е популарен веќе неколку сезони, а најмногу се практикува во отмените и нежни комбинации со оглед на тоа што на секој сталјинг му додава нота на нежност и романтичност.

2. Пепито

Овој впечатлив геометриски дезен често го гледаме на капутите и панталоните, но сега е достапен и во варијанта на хулахопки. Толку е ефектен што без сомнеж може да ја стилизира секоја комбинација.

3. Ситно мрежести

Мрежестите хулахопки се популарни со децении, најмногу заради ефектот на визуелно сокривање на евентуалните недостатоци на нозете. Оваа сезона се најпопуларни што поситните мрежести хулахопки, кои може да бидат и украсени со циркони или со впечатлив раб.

4. Животински принт во впечатливи бои

Љубителките на овој доминантен дезен имаат причина да се радуваат – сега хулахопките во ефектни бои преку кои се разлеваат препознатливите шари на леопард, тигар или зебра се апсолутен хит. Изгледаат многу моќно, па луѓето нема ни да забележат што сте искомбинирале со нив.

Кој е вашиот омилен модел за оваа сезона?

Погледнете ги и овие додатоци за коса кои ќе ја одбележат сезоната есен/зима, а ќе ве освојат на прв поглед.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here