30 години од отворањето на првиот McDonald’s во СССР

0
114


Пред 30 години, на 31 јануари, 1990 година, беше отворен првиот ресторан на американскиот синџир ресторани за брза храна McDonald’s во тогашен СССР.

Илјадници луѓе со часови чекале во редици на плоштадот Пушкин во Москва за да го вкусат фамозниот бургер од Западот.

На свеченото отворање имало околу 30.000 луѓе кои со нетрпение чекале да бидат дел од оваа нова ера во советското време. Интересен, малку познат факт, е дека под буквата „М“ на логото на американскиот бренд имало мало советско знаменце.

Денеска во рестораните на McDonald’s ширум Русија работат повеќе од 50.000 луѓе.

 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here