28 декември 1925, смртта на Сергеј Есенин

0
90


На денешен ден, пред 94 години пронајден е мртов познатиот руски поет Сергеј Александрович Есенин.

Во Ленинград (Санкт Петербург), во хотелот „Англетер“, во состојба на тешка душевна депресија, се самоубил Сергеј Александрович Есенин, еден од најзначајните руски лиричари и истакнат обновувач на поетската сликовитост.

Познати негови дела се „Задушница”, „Триптих”, „Стихови на скандалистите”, „Кафеанска Москва”, „Советска Русија”, „Персиски мотиви” и „Ана Снегина”. Роден е во селото Константиново, сега Есенино, Рјазанска област, на 3 октомври 1895 година.

Низ неговиот живот минале многу жени, особен белег оставила Исидора Данкан, која била 18 години постара од него. Нивниот брак бил полн со скандали и траел кратко.

Есенин имал репутација на кавгаџија, често провоцирал други поети. Негови најпознати литературни двобои се оние со славниот поет Владимир Мајаковски.

Кога ја слушнал веста за смртта на Есенин тој напишал песна за него „За Сергеј Есенин“, во која крајот гласи: „Во животот што го имаме лесно е да се умре, многу потешко е да го живееме“. Сепак, и покрај овие негови зборови со кои го осудува самоубиството на Есенин, Мајаковски и самиот извршил самоубиство во 1930 година.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here