27 природни чуда во светот кои секој би требало да ги посети

0
94


Природата се погрижила да имаме спектакуларни места кои секој човек би требало да ги посети. Сепак, животот е премногу краток за да живееме само за работа и плаќање сметки, зарем не?

1. Викториини водопади, на граница меѓу Зимбабве и Замбија

Два пати се поголеми и подлабоки од водопадите на Нијагара и се сметаат за најголеми водопади во светот. Звукот на водата која паѓа е толку силен што се слуша на далечина од 38 километри, а маглата која ја создава водата додека паѓа се гледа на одалеченост од дури 48 километри.

2. Парикутин, Мичоакан, Мексико

Тоа е еден од најмладите вулкани на светот кој има прекриено две села со пепел во 1943 година, првиот пат кога еруптирал.

3. Јосемити, Калифорнија

Познат по своите портокалови зајдисонца и гласни водопади, Јосемити е еден од најпопуларните национални паркови во САД.

4. Големиот Кањон, Аризона

Се нарекува и геолошко чудо бидејќи пред стотици години го направиле сантите мраз. Неговите црвени карпи менуваат боја со положбата на сонцето, со што создаваат прекрасна позадина за било која фотографија.

5. Салар де Ујуни (Ујунска Солница), Боливија

Тоа е најголемата природна солена рамнина во светот која се простира на површина од скоро 6.600 квадратни километри. Кога се прелеваат езерата, регионот се претвора во рефлектирачки базен кој изгледа како да е од некоја друга планета.

6. Аурора Бореалис, Исланд

Познато и како Северното светло. Експлозијата од бои се јавува поради судирот на честичките од сончевата атмосфера, а резултатот е нешто што треба да го доживеете.

7. Џангџаџе, Кина

Познат по своите стрмни карпи, длабоки шуми и мостови кои се нишаат, ова е првиот национален шумски парк во Кина.

8. Големиот корален гребен, Австралија

Се работи за најголемиот состав на коралски гребени на светот и една од најдобрите дестинации за одмор. Се простира на повеќе од 2.900 километри низ источниот брег на Австралија и е подолг од Кинескиот ѕид.

9. Сахара, Африка

Сахара опфаќа 11 африкански земји, и е најголема и најимпресивна пустина кога се простира на 5.6 милиони квадратни километри.

10. Монт Еверест, граница помеѓу Непал и Кина

Највисокиот врв на Земјата кој се протега неверојатни 8.848 метри кон небото. Да се искачи овој хималајски врв е голем предизвик на кои се согласиле малку луѓе. Сепак, искуството е незаборавно.

11. Островите Галапагос, Еквадор

Познати се по тоа дека го воодушевиле и Чарлс Дарвин. Игуани, фоки и пингвини се само некои од станарите кои живеат на овие сликовити острови.

12. Езерото Гранд Призматик, Вајоминг

Иако не е најпознат дел на националниот парк Јелоустоун, ова езеро секако е највпечатливо и нуди поглед кој никогаш не се заборава.

13. Мохер, Ирска

Една од најпознатите туристички дестинации во Ирска. Највисоката точка достигнува 214 метри.

14. Малдиви

Сместени се во Јужна Азија, и се составени од 26 прекрасни атоли (ниски прстенести корални гребени) преполни со морски животни. Плажите на Малдивите се покриени со бел песок кој ги мами туристите од целиот свет.

15. Ха Лонг, Виетнам

Овој премин е сместен на североисточниот дел на виетнамскиот залив Тонкин. Овој регион е популарна дестинација за кајакарите и оние кои летаат со падобран.

16. Комодо, Индонезија

Познат по страшните гуштери кои го носат истото име, но и раскошните тропски шуми и прекрасни плажи кои ги разубавува розевиот песок.

17. Улуру, Австралија

Ова е огромна карпа која се наоѓа во средишниот дел на Австралија.

18. Преминот на џиновите, Северна Ирска

 

Се создал по вулканска ерупција пред приближно 50 милиони години, и се работи за локација со илјадници црни цилиндрични карпи која ги дели Северна Ирска и Шкотска.

19. Санти мраз, Гренланд

Иако климатските промени го направиле своето, сепак посетителите можат и денес да ги видат сантите како пливаат во водите.

20. Нијагарини водопади, САД и Канада

Два од трите водопади се наоѓаат во САД, а еден во Канада. Инаку, Нијагара во превод од јазикот на домородните американски Индијанци значи „вода која грми“.

21. Езеро Пејто, национален парк Банф, Канада

Опколено со зелена шума, познато е по својата сина нијанса која ви го одзема здивот, посебно кога се гледа во комбинација со карпите кои што се наоѓаат во близина.

22. Езеро Хилиер, Австралија

Ова езеро е сместено на неколку метри од Индискиот океан, а светски е познато по својата природна розева боја на водата. Бојата ја даваат бактериите кои живеат во езерото.

23. Памукале, Турција

На турски би значело „памучен дворец“, а се наоѓа во близина на градот Денизли. Луѓето кои го посетиле ова место велат дека имаат чувство како да се во некој сон.

24. Калливите вулкани во Азербејџан

Во самиот центар на Азербејџан, во националниот пар Гобустан, се наоѓаат овие вулкани кои се комбинации од кал и метан.

25. Мермерни пештери, Патагонија, Јужна Америка

Мермерните карпи се наоѓаат во срцето на Патагонија, и се разликуваат по формата и пастелните нијанси. До нив е можно да се стигне само со брод и се сметаат за едни од најизолираните природни чуда во светот.

26. Национална шума Ел Јунке, Порторико

Ел Јунке е една од еколошки најразновидните тропски прашуми, иако е релативно мала. Оваа шума е дом на разни видови на папагали, змии, жаби, гуштери итн.

27. Кањо Кристалес, Колумбија

Велат дека личи како сцена од рајот, па затоа често се наоѓа на листите на места кои мора да се посетат.

Овие дестинации ги гледаме на фотографии, па дури и во филмски сцени, а следниве 11 магични места биле инспирација за најпознатите анимирани филмови.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here