26 октомври 1863, формирана Фудбалската асоцијација на Англија

0
82


Англичаните, како лулка на фудбалот, ја имаат првата фудбалска асоцијација во светот формирана уште во далечната 1863 година, наречена едноставно The Football Association.

На денешен ден во таверната Freemasons’ на улицата Great Queen во Лондон се одржал состанок на кој присуствувале 11 лондонски клубови кои не само што ја формирале ФА туку и ги напишале првите фудбалски правила. Тоа биле клубовите Барнс, Сивил Срвис, Крусејдрс, Форест оф Лејтонстоун, Ноу Немјс, Кристал Палас, Блекхит, Кенсингтон Скул, Парсевал Хаус, Сарбитон и Блекхит ПС.

Денес постои само клубот Сивил Срвис кој се натпреварува во ниските лиги. Клубот Кристал Палас е друг, различен од оној денешниот.

За најзаслужен за формирањето на ФА се смета капитенот на Барнс, Ебизинер Коб Морли, подоцна и претседател.  За прв претседател бил избран Артур Пембер.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here