23 февруари 303, Деоклецијан го почнал прогонот на христијаните

0
3


Најголемиот прогон на христијаните во Римското Царство го направил императорот Диоклецијан кој на денешен ден објавил проглас со кој наредил да се сруши до темел црквата во Никомедија.

На 23 февруари во Рим бил празникот Терминалија во чест на богот Термин кој во римската митологија бил бог на границите и на ограничувањата. Со ваквата симболика Диоклецијан сакал да разграничи со христијанството во Рим.

Од христијаните се барало да се откажат од нивните верувања и да се вратат кон вистинските богови. Сите скапоцености од црквите биле запленети, истите разрушени, а оние христијани кои одбивале да ги почитуваат наредбите биле убивани.

Прогонот на Диоклецијан бил полседниот, но и најголемиот прогон на една религиска група во антиката. Најмногу страдале христијаните во Мала Азија, Сирија, Палестина и Египет каде и владеел Диоклецијан. Во тоа време Римското Царство било поделено на четири дела и со секој дел владеел различен император. Прогонот завршил во 313 година во прогласот од Милано. Диоклецијал се самоубил со труење три години подоцна.



Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here