Пандев со апел до навивачите: Дојдете на стадион, ни треба поддршка


Сакаме резултати, ама не сакаме да помогнеме. Такви се македонските фудбалски навивачи, секоја чест на ретките исклучоци. Не е првпат Пандев да бара нивна поддршка, која ретко ја добивал, но сега е потребна повеќе од било кога.

Нашиот најдобар фудбалер, Горан Пандев, оној со кој сите се гордеевме кога растураше низ Европа, сега бара од нас да му помогнеме. Не само нему, туку на целата репрезентација на која утре и треба поддржка против Слобенија.

„Ветувам дека ќе изгинеме на терен. Очекувам голема поддршка, се надевам дека ќе дојдат луѓето што нѐ сакаат. Не бараме којзнае колкава бројка, само да добиеме вистинска поддршка од луѓе што ја сакаат репрезентацијата на Македонија“, рече Пандев на денешниот прес.

Од Словенија најавени се навивачи, ќе дојдат помеѓу 500 и 1.000. Не доаѓаат за да грицкаат сончоглед на нашиот стадион, доаѓаат за да ги понесат нивните фудбалери да дојдат до победата која и нив очајно им треба. Како било досега, ништо чудно Словенија да игра како дома.

„Расположението и атмосферата кај нас е на највисоко ниво. Со нетрпение го очекуваме овој натпревар и знаеме што носи победа на овој натпревар. Мора да одиграме на ниво. Ако Словенија се надева дека може да биде втора, можеме и ние. Не гледам каде Словенија е подобра од нас на теренот. Знаеме со каков квалитет располагаме, иако ни фалат двајца играчи“, изјави нашиот капитен.

Македонија едноставно мора да победи утре вечер, но мора и Словенија. Затоа ќе биде интересно, но и напнато. Двете се во игра за пласман на ЕУРО 2020, но не може двете да одат…

http://kajgana.com/





Source link

Recent Articles

Сè што е погрешно со „Dark Phoenix“

„Dark Phoenix“ е финалниот филм од X-Men серијалот и продолжение на „X-Man: Apocalypse“. Cinema Sins во најновото видео од серијалот „Сè што е...

Џенифер Анистон покажа како изгледа без фотошоп и доби 5 милиони лајкови

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон се реши да им покаже на фановите како изгледа на едно снимање пред да настанат совршените , фотошопирани фотографии...

Ако туѓите дела и зборови ве повредуваат – самите сте си криви!

Ако одлучиме другите луѓе да не можат да ни го расипат расположението или да ни ги повредат емоциите, тогаш така и ќе биде!...

Маж се самозапали пред УНХЦР во Женева

Женева, 23 октомври 2019 (МИА) – Пред Канцеларијата за бегалци на Обединетите Нации во Женева денеска во знак на протест се самозапали еден маж. Според...

Никола Којо: Не мислам да ја поминам староста овде, ниту моите деца да ги проголта црнава дупка

Никола Којо, познат српски актер, ја шокираше јавноста кога рече дека има намера наскоро да ја напушти Србија. Тој го изјавил ова за порталот...

Related Stories

Leave A Reply

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay on op - Ge the daily news in your inbox