Креативноста, фантазијата и наоѓањето радост во малите нешта претставени преку фотографиите на @vasilesk_a


Анита Николовски е забен техничар по професија и добро позната мајка на Инстаграм, чиј талент за фотографирање и креативност ѝ обезбеди голем број следбеници на оваа социјална мрежа. Прочитајте го разговорот со оваа популарна мајка која сподели и неколку корисни совети за жените кои се соочуваат со предизвиците на мајчинството.

1. Можеш ли да ни кажеш неколку зборови за себе и за твојот профил на Инстаграм – како сето тоа започна, со која цел, од каде се појави идејата?

Сопруга, мајка на еден „захтевен“ мамин син. Уште од мали нозе цртав цртежи, добивав награди, шиев, кроев, изработував ланчиња од глина и многу други работи. И мојата професија денес е поврзана со уметништвото – изработка на порцелански заби.

Идејата дојде сама по себе кога започнав да го сликам синот, меѓутоа обврските не ми дозволуваа да водам профил. Како што растеше тој, добивав пораки од многу мајки со содржина „фотографиите се инспиративни“. Така го почнав мојот профил чисто од забава.

2. Колку време и труд бара работата со твојот Инстаграм профил? Колку време отприлика ти одзема подготвувањето на еден пост/објава?

Времето додека го пијам утринско кафе е доволно за профилот; реализацијата бара доста труд и посветеност. Понекогаш синот знае и да не соработува, па така си имаме доста неуспешни фотосесии зачувани како спомени на кои ќе се смееме кога ќе порасне, а исто така имам и слики кои го чекаат вистинскиот момент за објава. Значи сето ова е за забава и инспирација, не смее да биде премногу нападно и вештачко и направено по секоја цена.

3. Децата се нервозни кога се пред камера. Како успеваш да ги реализираш сите идеи кои ги имаш замислено?

Големо е задоволство кога на крајот на денот ќе успееш со деца да реализираш некоја идеја. Чувството е исполнувачко и ми дава поттик за секоја наредна реализација.

4. Од каде црпиш инспирација за твоите креативни фотографии? Дали претходно ги смислуваш фотографиите или го земаш апаратот и сликаш?

Инспирација црпам од околината што ме опкружува, производите што ги користиме, играчки и слични работи. Таа доаѓа сама по себе. Најчесто моментот е најбитен, а идеите доаѓаат спонтано. Понекогаш планираното нема резултат, но спонтаната идеја инспирирана од некој момент има ефекти.

5. Иако се многу слатки, децата се нетрпеливи. Дали можеш да ни споделиш неколку лесни трикови за поубави фотографии?

Да бидам искрена, нема трикови, сѐ е спонтано. Колку поспонтано, толку ќе бидат фотографиите поубави. Фотографирам низ забава и игра. Сега е поголем и повеќе сака да игра, а тоа значи и повеќе труд за една фотографија. Има денови кога воопшто не е расположен за пред камера и тогаш оставаме сѐ за некоја следна прилика кога ќе се спојат инспирацијата, идеите и неговата соработка.

6. Кафето за некого претставува вистински ритуал. Забележавме одлични фотографии од кафе, дали си љубител и кое е твоето омилено кафе?

Обожавам кафе и шолји за кафе, голем кафехолик сум. Макијато, капучино, турско и нес. Сепак, последните две се моите фаворити. Со добра шолја, кафето е вистинско задоволство. Имам доста шолји и од секое патување знам да си подарам нова, а од старите со DIY проект да им дадам нов лик.

7. Да се биде родител значи почеток на нова авантура. Колку те промени мајчинството. Каков совет имаш за другите мајки?

Мојот свет се смени, стана магичен. Само со неколку ситници како неговата насмевка, првиот збор МАМА, првиот чекор… Овие моменти ќе ми бидат најдраги и најдрагоцени спомени. Мајки, бидете трпеливи и уживајте во секоја минута со најмилите, уловете ги моментите и преточете ги во спомени преку фотографии кои ќе останат. Во иднина ќе изнудуваат насмевки на сите.

Интервју: Ана Ќурчиевска

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

Recent Articles

Сè што е погрешно со „Dark Phoenix“

„Dark Phoenix“ е финалниот филм од X-Men серијалот и продолжение на „X-Man: Apocalypse“. Cinema Sins во најновото видео од серијалот „Сè што е...

Џенифер Анистон покажа како изгледа без фотошоп и доби 5 милиони лајкови

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон се реши да им покаже на фановите како изгледа на едно снимање пред да настанат совршените , фотошопирани фотографии...

Ако туѓите дела и зборови ве повредуваат – самите сте си криви!

Ако одлучиме другите луѓе да не можат да ни го расипат расположението или да ни ги повредат емоциите, тогаш така и ќе биде!...

Маж се самозапали пред УНХЦР во Женева

Женева, 23 октомври 2019 (МИА) – Пред Канцеларијата за бегалци на Обединетите Нации во Женева денеска во знак на протест се самозапали еден маж. Според...

Никола Којо: Не мислам да ја поминам староста овде, ниту моите деца да ги проголта црнава дупка

Никола Којо, познат српски актер, ја шокираше јавноста кога рече дека има намера наскоро да ја напушти Србија. Тој го изјавил ова за порталот...

Related Stories

Leave A Reply

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay on op - Ge the daily news in your inbox