“Ако сакаш – сакај, ако не сакаш – оди по ѓаволите!”


Петар Мамонов (1951, Русија) бил култен андерграунд рок музичар, кој во моментов е познат како актер и јуродив – секогаш го зборува тоа што го мисли, без влакна на јазикот. Мамонов денес ретко го напушта далечното село што се наоѓа во близина на Москва, каде што живее веќе 17 години со својата сопруга, целосно посветувајќи се на својата духовност. Тој ретко има контакт со надворешниот свет.

Петар е познат на пошироката јавност по феноменалниот руски филм Остров (Otok) кој во 2006 година добил награда за најдобар руски филм, а самиот Мамонов добил награда за најдобар руски актер. Сепак, тој го оставил овој живот зад себе и сега е целосно посветен на својата благосостојба, како и на животот со љубената. Тоа не значи дека тој понекогаш не приредува концерти или претстави. Или пак, споделува мудрости.


Неговите животни правила се многу јасни и за секого разбирливи. Па, ако сакате да научите нешто повеќе за животот од овој мудар човек, продолжете со читање…

„Не ги навредувајте луѓето и не лутете им се на другите.“

„Кажувајте ‘те сакам’ дури и кога не сте сосема сигурни во тоа. Кажувајте го тоа често.“

„Што почесто допирајте ја личноста што ја сакате.“

„Секогаш гледајте го соговорникот во очи.“

„Не плашете се од промени, но немојте ни да копнеете по нив.“

„Правете компромиси.“

„Од секој настан направете празник.“

„Никогаш не ги огрдувајте другите и не судете за туѓите вкусови.“

„Движете се кон Бог, барајте го Бог, дури и ако не верувате во него.“

„Заспијте со насмевка.“

„Секогаш честитајте им го роденденот на пријателите.“

„Давајте подароци.“

„Што почесто јавувајте им се на родителите.“

„Што почесто насмевнувајте си се на себе во огледалото.“

„Не плашете се дека ќе изгледате смешно.“

„Не учете ги другите што да прават во својот живот.“

„Водете дневник.“

„Животот воопшто не е одморалиште.“

„Поделете го знаењето.“

„Мислете на саканите личности.“

„Ако имате брада – избричете ја, ако не – пуштете ја. Менувајте се.“

„Прекршете ги правилата.“

„Бидете тоа што сте.“

„Не гледајте телевизија.“

„Дозволете им на другите да се грижат за вас.“

„Во сè барајте ја светлата страна.“

„Споделете го задоволството од гледање филмови и слушање музика.“

„Имајте секс само со личноста што ја љубите.“

„Не срамете се од своите младешки стихови.“

„Не плашете се од смртта, но внимавајте да не ги изгубите најмилите. Немојте да се плашите од ништо друго.“

„Бидете немарни кон светот, освен кон децата.“

„Восхитувајте му се на светот.“

„Верувајте во себе.“

„На одмор исклучете го мобилниот телефон.“

„Немојте да одите сами во кино или на концерт.“

„Секогаш кажувате ‘благодарам’.“

„Чувајте ги оние што ве љубат.“

„Бидете најдобри кон саканата личност.“

„Никогаш не немојте да се каете за тоа што сте го направиле и не критизирајте го изборот на другите.“

„Секогаш интересирајте се за членовите на семејството што вам ви биле блиски.“

„Не губете време на оние што не ви се важни.“

„Не лажете ги родителите и докторите.“

„Научете да губите без жалење.“

„Не зборувајте лошо за другите.“

„Ако сакаш – сакај, ако не сакаш – оди по ѓаволите!“

Прочитајте ги и овие 20 цитати од Ван Гог кои ќе ве инспирираат.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

Recent Articles

Голем дел од мажите копнеат за секс на ова необично место

Изгледа дека креветот не им е доволен на мажите кога станува збор за водење љубов. Барем тоа го покажало едно ново истражување кое...

Сè што е погрешно со „Dark Phoenix“

„Dark Phoenix“ е финалниот филм од X-Men серијалот и продолжение на „X-Man: Apocalypse“. Cinema Sins во најновото видео од серијалот „Сè што е...

Џенифер Анистон покажа како изгледа без фотошоп и доби 5 милиони лајкови

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон се реши да им покаже на фановите како изгледа на едно снимање пред да настанат совршените , фотошопирани фотографии...

Ако туѓите дела и зборови ве повредуваат – самите сте си криви!

Ако одлучиме другите луѓе да не можат да ни го расипат расположението или да ни ги повредат емоциите, тогаш така и ќе биде!...

Маж се самозапали пред УНХЦР во Женева

Женева, 23 октомври 2019 (МИА) – Пред Канцеларијата за бегалци на Обединетите Нации во Женева денеска во знак на протест се самозапали еден маж. Според...

Related Stories

Leave A Reply

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay on op - Ge the daily news in your inbox