Начинот на кој ги држите рацете ќе ви открие нешто интересно за вашиот карактер


Нобеловецот Роџер Волкот Спери е заслужен за истражувањето што покажало дека однесувањето на поединците може да зависи од тоа кој дел од мозокот им е поактивен – левата или десната хемисфера. Проверете на кој начин ги држите рацете така што инстинктивно ќе ги испреплетете и потоа забележете како ги наместивте палците.

1. Левиот палец е горе

Вие сте практични и ретко се одлучувате на брзина. Пред да дојдете до некаков заклучок, внимателно ги разгледувате сите предности и недостатоци на планот. Исто така, многу е тешко некој да ве измами бидејќи имате добра интуиција и секогаш знаете кога некој ве лаже.


Токму затоа и многу ги цените вистинските пријатели и семејството, а сите тие често доаѓаат кај вас за совет. Но, тоа не значи и дека сте постојано сериозни. Баш напротив, вашата специфична смисла за хумор ве прави привлечни за дружба. Вие исто така сте и романтичари и знаете точно како да ја шармирате другата страна.

https://www.kafepauza.mk/

2. Палците се во рамнина

Вие верувате дека и најмалите нешта се важни бидејќи сè е во деталите. Вие сте перфекционисти во сè што правите и очекувате подеднакво ниво на посветеност и концентрација од другите. По природа сте лидери, што не значи дека не сте чувствителни на туѓите потреби или дека не ги уважувате туѓите склоности.

Секогаш го цените мислењето на другите и се обидувате го разберете нивниот став пред да ја процените ситуацијата. Искреноста ви е најголемиот квалитет и со неа лесно ги разоружувавте другите. И во односите ја цените искреноста пред сè. Не се срамите да го искажете своето мислење, ниту пак ги спречувате другите да го искажат своето.

https://www.kafepauza.mk/

3. Десниот палец е горе

Ве краси висок коефициент на емоционална интелигенција. Лесно сфаќате што другите чувствуваат и кога се обидуваат да го скријат тоа од вас. Таа ваша единствена способност ви ги олеснува односите со другите, па затоа и тие лесно ви се отвораат. Тоа исто така ви овозможува и перспектива за да ги согледате нештата вон контекстот и надвор од рамките, за правилно да одлучите.

Способноста да ги разберете туѓите емоции и вашата топлина се тоа што најмногу ги привлекува другите кон вас. Во врските ги разбирате и неизговорените чувства на партнерот и затоа никогаш немате проблем со неговите/нејзините емоционални потреби.

https://www.kafepauza.mk/

Сте знаеле ли дека изгледот на вашиот палец открива и какви сте во љубовната врска?

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

Recent Articles

Сè што е погрешно со „Dark Phoenix“

„Dark Phoenix“ е финалниот филм од X-Men серијалот и продолжение на „X-Man: Apocalypse“. Cinema Sins во најновото видео од серијалот „Сè што е...

Џенифер Анистон покажа како изгледа без фотошоп и доби 5 милиони лајкови

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон се реши да им покаже на фановите како изгледа на едно снимање пред да настанат совршените , фотошопирани фотографии...

Ако туѓите дела и зборови ве повредуваат – самите сте си криви!

Ако одлучиме другите луѓе да не можат да ни го расипат расположението или да ни ги повредат емоциите, тогаш така и ќе биде!...

Маж се самозапали пред УНХЦР во Женева

Женева, 23 октомври 2019 (МИА) – Пред Канцеларијата за бегалци на Обединетите Нации во Женева денеска во знак на протест се самозапали еден маж. Според...

Никола Којо: Не мислам да ја поминам староста овде, ниту моите деца да ги проголта црнава дупка

Никола Којо, познат српски актер, ја шокираше јавноста кога рече дека има намера наскоро да ја напушти Србија. Тој го изјавил ова за порталот...

Related Stories

Leave A Reply

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay on op - Ge the daily news in your inbox