Дигитализацијата на јавните услуги поттикнува развој на економијата и привлекува странски инвестиции


Во последно време многу се зборува за дигитализација на јавниот сектор и потребата од поефикасна администрација која им е на услуга на граѓаните и фирмите. Е-услугите всушност бараат современа инфраструктура односно креирање на една платформа на која секое министерство, секоја институција која им нуди јавни услуги на граѓаните и фирмите е претставена со посебна апликација. Сите тие апликации се меѓусебно поврзани. Таквата поврзаност во рамки на една база значи заштеда на ресурси, првенствено време.

Граѓаните и фирмите често имаат забелешка дека предолго се чека услугата од некоја институција или дека предолго трае комуникацијата меѓу институциите, за да се избегне тоа во современиот свет се дигитализираат јавните услуги. Нема документи во хартиена форма, нема шетање од шалтер на шалтер и губење време и пари.

„Владите, во Европа и пошироко, најчесто ги развиваат е-услугите на Microsoft Azure -intelligent cloud and intelligent edge платформата и веќе ги забележуваат огромните заштеди кои се резултат на имплементацијата на е-услуги за граѓаните“ – вели Љупчо Георгиев, Директорот на Мајкрософт во Македонија. – “На пример, Велика Британија проценува намалени трошоци од 42 милиони фунти како резултат на намалено време на чекање и пониски трошоци за обезбедување на услугата. Потоа, чешкиот град Оломук со 700 вработени во јавната администрација си поставил цел да го забрза добивањето на услуга, да го намали времето на чекање и да го олесни пристапот и менаџментот на документи. Благодарение на дигиталното решение од било која точка на државата може лесно да се пристапи  до сите податоци и документи, а со тоа се подобри и ефикасноста на вработените.“

Технологијата е корисна само ако нѝ помага да намалиме трошоци и да ја зголемиме ефикасноста, ако обезбедува поддршка во менувањето и унапредувањето со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните и компаниите. Промените директно се чувствуваат во начинот на кој се следат состојбите, се пријавуваат и решаваат проблемите. Бенефитите се највидливи во доменот на оптимизација на сообраќајот и одржување на патна инфраструктура, координација на здравствените услуги, во образованието и подготовката на кадри за идни барани професии, лесен пристап до податоци за издавање дозволи, инспекциски надзор, енергетска ефикасност и јавна безбедност.

Мајкрософт веќе 20  години е партнер на владите во регионот помагајќи им на лидерите да ја зголемат ефикасноста, да ги намалат трошоците и да го подобрат квалитетот на услугите за граѓаните.

 

„Сите држави во регионот ја користат платформата и во соработка со Мајкрософт се на одличен пат кон дигитална трансформација на јавниот сектор, сите ги имаат сфатено предностите на е-услугите и што значи менаџмент на држава во 21 век. Клучен момент е нашата земја да фати приклучок додека сѐуште не е процесот отиден толку напред па да не можеме да се прилагодиме“ – истакнува Георгиев. „За илустрација „Загрепски холдинг“ овозможува, комунални, транспортни, енергетски и комерцијални услуги за Град Загреб. Се работи за збир од различни јавни претпријатија кои користат различни платформи што претставувало безбедносен ризик и предизвикувало проблеми за централизираното управување. Решението кое го имплементираат е комбинација од Windows 10, Office 365, Azure, Enterprise Mobility + Security  со што се подобрува ефикасноста, услугите централизирано се менаџираат, а безбедноста е на највисоко ниво со што граѓаните се позадоволни од јавните услуги што ги добиваат.“

 

Во пошироки рамки ефикасен дигитален систем на јавни услуги е неопходен за  економскиот раст на една држава и конкурентноста на глобалниот пазар. Дигитализацијата на јавниот сектор подразбира развој на стопанството односно приватниот сектор. Од аспект на инвестиции, со самото влегување во ЕУ и НАТО нашата земја треба да исполни одредени стандарди кои се во поодмината фаза на дигитализација. Секој што ќе сака да инвестира сака да знае дека има стабилен судски систем, инфраструктура, едукативен систем кој продуцира квалитетни кадри, добар здравствен систем односно да знае дека сѐ она, што како поддршка јавниот сектор ќе треба да му го пружи на оној кој влегува и инвестира, тука е ефикасно и штеди време и пари. Не смееме да одложуваме и чекаме, мора да преземеме чекори кои зборуваат дека ние сме безбедна земја за инвестиции.





Source link

Recent Articles

Џенифер Анистон покажа како изгледа без фотошоп и доби 5 милиони лајкови

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон се реши да им покаже на фановите како изгледа на едно снимање пред да настанат совршените , фотошопирани фотографии...

Ако туѓите дела и зборови ве повредуваат – самите сте си криви!

Ако одлучиме другите луѓе да не можат да ни го расипат расположението или да ни ги повредат емоциите, тогаш така и ќе биде!...

Маж се самозапали пред УНХЦР во Женева

Женева, 23 октомври 2019 (МИА) – Пред Канцеларијата за бегалци на Обединетите Нации во Женева денеска во знак на протест се самозапали еден маж. Според...

Никола Којо: Не мислам да ја поминам староста овде, ниту моите деца да ги проголта црнава дупка

Никола Којо, познат српски актер, ја шокираше јавноста кога рече дека има намера наскоро да ја напушти Србија. Тој го изјавил ова за порталот...

Оваа сезона на Скорпиите ќе биде најдобра за следниве 3 хороскопски знаци

Секоја хороскопска сезона со себе носи нешто уникатно. Сезоната на Скорпии ќе биде најдобра за сите кои се родени во хороскопските знаци Рак,...

Related Stories

Leave A Reply

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay on op - Ge the daily news in your inbox