Како да се изборите со есенските настинки?


Несоодветната гардероба е најголемиот непријател во овој период од годината. Доколку носите отворена и плитка облека кога температурите се ниски и врне дожд, многу лесно можете да „заработите“ настинка.

„Со претстојните врнежи од дожд, ветрот и студот, освен есенска меланхолија, се јавуваат и есенски кивавици“, вели д-р Ирена Џелетовиќ Милошевиќ, препорачувајќи ни едноставни начини за да се одбраниме од типичните есенски болести.


Со овие совети, дочекајте ја зимата „пукајќи“ од здравје!

1. Спречете го грипот

Есента е идеално време за годишната вакцинација којашто најмногу ќе ве заштити од вируси и грип. Кога кивате и кашлате, покривајте ги носот и устата со марамче за да не ги заразите луѓето во вашата близина. Доколку се разболете, останете дома, бидејќи тој е единствениот начин за потполно и правилно да се излечите.

2. Внимателно со антибиотиците

Антибиотикот ги лечи бактериските инфекции, но не и оние кои се предизвикани од вируси. Обичната настинка и грипот се вирусни инфекции и не се лечат со антибиотици. Непотребното користење на антибиотик предизвикува оформување на отпорни бактерии, коишто понатаму се многу потешки за лекување.

3. Бидете подготвени за студеното време

Излегувањето надвор на ниски температури може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Децата и постарите лица се посебно чувствителни, но и оние во „најдобрите години“ можат да ги почувствуваат последиците. Време е за топли чорапи и јакни.

Како да се изборите со есенските настинки?

4. Јадете лук

Во сосовите и храната користете лук. Истражувањата покажуваат дека ензимите од лукот помагаат за лачење на серотонинот (хормон на среќата).

Како да се изборите со есенските настинки?

5. Добро мијте ги и сушете ги рацете

Чистите раце се еден од најважните чекори за да се избегнат потенцијалните болести и ширењето на микроби. Најдобро е да ги миете рацете со сапун и вода околу 20 секунди. Ако немате таква можност, користете влажни марамчиња со алкохол. Освен доброто миење на рацете, важно е и добро да се исушат бидејќи бактериите се шират на влажни површини.

6. Јадете овошје и зеленчук

Наесен, многумина уживаат во сувомеснати производи, ајвар и кисели салати, но витамините најмногу се внесуваат преку овошјето и зеленчукот. Наместо замрзнати, јадете свежи и што помалку термички обработени плодови.

Како да се изборите со есенските настинки?

7. Проверете ги инсталациите во домот

Повикајте мајстор којшто ќе ги провери инсталациите на плин во вашиот дом, каминот или оџакот. Звучи неверојатно, но секоја година некоја личност страда од труење со јаглерод моноксид, а ова е особено често кај постарите лица. Освен тоа, сменете ги батериите во алармите за пожар доколку ги имате дома. Купете и гумени траки и затворете ги дупките во дрвените врати или прозорци, бидејќи таквата промаја може да доведе до вкочанетост во телото.

За уште повеќе совети, прочитајте за овие десет природни антибиотици што ги имате во домот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

Recent Articles

Сè што е погрешно со „Dark Phoenix“

„Dark Phoenix“ е финалниот филм од X-Men серијалот и продолжение на „X-Man: Apocalypse“. Cinema Sins во најновото видео од серијалот „Сè што е...

Џенифер Анистон покажа како изгледа без фотошоп и доби 5 милиони лајкови

Холивудската ѕвезда Џенифер Анистон се реши да им покаже на фановите како изгледа на едно снимање пред да настанат совршените , фотошопирани фотографии...

Ако туѓите дела и зборови ве повредуваат – самите сте си криви!

Ако одлучиме другите луѓе да не можат да ни го расипат расположението или да ни ги повредат емоциите, тогаш така и ќе биде!...

Маж се самозапали пред УНХЦР во Женева

Женева, 23 октомври 2019 (МИА) – Пред Канцеларијата за бегалци на Обединетите Нации во Женева денеска во знак на протест се самозапали еден маж. Според...

Никола Којо: Не мислам да ја поминам староста овде, ниту моите деца да ги проголта црнава дупка

Никола Којо, познат српски актер, ја шокираше јавноста кога рече дека има намера наскоро да ја напушти Србија. Тој го изјавил ова за порталот...

Related Stories

Leave A Reply

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay on op - Ge the daily news in your inbox