16 јануари 1945, Битката кај Ардените го најави падот на Германија

0
102


Со победата на Сојузничките сили под команда на британскиот генерал Бернард Монтгомери и американскиот Омар Бредли, кои претходно ја приклештиле германската дивизија, бил нанесен огромен пораз на Германците на Западниот фронт, со што бил уништен и последниот обид на Хитлер да го измени исходот на Втората светска војна.

Главната битка се одвивала во Арденската Шума која најмногу се простира во Белгија, а зафаќа и делови од Франција и Луксембург. До ден денес не се знае точната бројка на загинати на двете страни, но според некои извори за сите 5 недели колку што траела битката Германците загубиле околу 12,5 илјади војници, додека Сојузниците загубиле околу 9 илјади. Бројката на загинати е далеку поголема бидејќи на двете страни имало илјадници исчезнати.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here