111 години од раѓањето на Кочо Рацин

0
116


На денешен ден пред точно 111 години е роден можеби најдобриот македонски поет на сите времиња, Кочо Рацин.

Тој е еден од основоположниците на современата македонска книжевност, додека неговата стихозбирка „Бели мугри“ издадена 1939 година во Загреб претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија.

Рацин се занимавал и со проза, а бил и горд социјалистички деец. За жал, животот го завршил на само 34 години. Сè уште не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил намерно убиен. Рацин загинал враќајќи се во партизанската печатница на планината Лопушник, кичевско, кога смртоносно бил застрелан од Мино Миновски, партизанот кој го чувал пристапот кон печатницата откако не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува.

„Тутуноберачите“ е една од песните објавени во „Бели Мугри“:

На кантар студен со туч го мерат
а можат ли да го измерат,
нашиов тутун – нашава мака
нашава солена пот!

От темни зори на утрини летни
до никоа доба на вечери зимни
тој гладно пие тагата наша
и пот’та и крвта и снагата ни.
Жлт – жлти прави лицата бледни
и жлта гостинка у градите носи.

По утрини росни, по мугрите пресни,
наведени ничкум по полињата родни
зачмаени ние го береме.
Лист по лист кини
лист по лист нижи
лист по лист превртуј, притискај,
лист по лист милно, таговно реди
и на длга низа от капки пот
и надеж со клетва и зелена јад,
со коров поглед на очите матни
по кревките лисја жолтозлатни
прикаска горка на живот клет
нанижи безгласна а така јасна.

Та незнаш ли?

Денот ли дојде тој да се мери —
мерка му нема, а в градите длби
без да се запре, без дно да најде
не тага а клетва, и в очите матни
и не сакајки сама се дига
фуријата.

Кантарот носи лисјето златно
а в гради љуто далгите беснат
на жлтата мака — на жлтиот тутун
на жлтата пот на раците ни!





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here