10 ноември 1938, починал Мустафа Кемал Ататурк

0
87


Мустафа Кемал Ататурк (турски: Mustafa Kemal Atatürk; 1881 – 10 ноември 1938) бил турски офицер, револуционер и државник, основач на Турската Република, како и нејзин прв претседател.

Кемал Ататурк станал познат како мошне способен воен офицер за време на Првата светска војна. По поразот на Отоманската империја, тој го предводел турското национално движење во турската војна за независност. Со основањето на привремената влада во Анкара, тој ги поразил силите на Сојузот. Неговото успешно и мудро предводење на војската и воените битки довело до ослободување на државата и основање на Турција. За време на неговиот претседателски мандат Кемал Ататурк остварил економски, политички, културни и социјални реформи во државата. Тој успеал старата Отоманска Империја да ја трансформира во современа демократска и секуларна држава. Сите промени што ги извршил Ататурк и неговите идеали се наречени со еден заеднички термин – кемализам.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here