Експертите за уметност на нокти проценија кои трендови од изминатите години ќе се задржат и какви новини следуваат, а еве што ќе ги гледате на ноктите во блиска иднина.
1. Соѕвездие
Трендот со космичките теми или оние поврзани со хороскопските знаци би можел да се врати многу побрзо отколку што очекувате.
2. Сјај
Ѕвезди кои не се поврзани со соѕвездието, но сјаат и се прелеваат во различни бои или месечина и sвезди се едни од украсите што често ќе можете да ги видите на ноктите.
3. 50 нијанси сино
Класичната сина боја ќе биде најпопуларна во текот на оваа година, но во тренд ќе бидат и разни нијанси на оваа боја.
4. Француски маникир
Ноктите со едноставен француски маникир се повторно во тренд. Хит ќе биде тенката бела линија на врвот на ноктите затоа што ги прави да изгледаат подолги, а можете да пробате и похрабра верзија, како што е контрастната црно-бела комбинација.
5. Млечно омбре
Можете да додатете и малку светки за ноктите да заблескаат, а во тренд ќе бидат и некои нежни нијанси, како што е бојата на лаванда.
6. Различни нијанси
Изберете пет слични нијанси и поиграјте си со вашиот маникир, така што секој нокт ќе изгледа различно.
7. Украсни растенија
Малите детали во облик на лист или цвет ќе им дадат посебен шарм на ноктите.
8. Акрилни продолжетоци
Долгите нокти се повторно во мода, а експертите малку се забавуваа со дизајнот на ноктите употребувајќи некои впечатливи бои.
9. Кристали
Ноктите украсени со кристали и со камчиња изгледаат навистина посебно.
10. Пеперутки
Пеперутките ќе бидат голем хит исто како што порано беа цветовите. Можете да нацртате на сите нокти, но можете да нацртате и само една пеперутка што ќе изгледа како да слетала на вашиот нокт за да земе здив.
Прочитајте кои 3 модни додатоци ќе доминираат во текот на 2020 година.