Џулијан Асанж кратко сe појави на сослушување во Судот

0
100


Основачот на WikiLeaks, Џулијан Асанж кратко се појави на сослушување во Судот додека неговиот адвокат се обидува да ја спречи екстрадицијата во САД, каде се соочува со обвинувања за шпионажа.

Тој и неговите адвокати се пожалија дека не им е дадено доволно време за да се запознаат со обвинувањата со цел да ја планираат битката против обвинителите на САД кои сакаат да го судат за објавување на стотици илјади доверливи документи.

48-годишниот Асанж беше донесен од затворот Белмарш. Успеа да ги поздрави поддржувачите пред да влезе во судницата и откако излезе. Асанж пред судот само ги потврди податоците за идентитетот и датумот на раѓање.

Неговиот адвокат Герет Пирс изјави дека потешкотиите за наоѓање време за состаноци со Асанж го одложиле случајот.

До екстрадицијата во САД Асанж ќе се наоѓа во британски затвор каде издржува казна поради кршење на правилата. Од 2012 година се наоѓаше во Амбасадата на Еквадор за да избегне екстрадиција во Шведска каде го обвинува за силување. Минатата година тие обвинувања беа отфрлени, но во април беше уапсен.

Асанж тврди дека обвинувањата од САД се политички обид да за замолчување и дека шведското обвинение беше дел од завера за негово апсење.

Се очекува постапката за екстрадиција да започне во февруари. Ако биде осуден може да добие затворска казна од 10 години.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here