Џејми Ли Кертис за „Медена земја“: Колку совршен филм

0
123


Македонскиот документарец „Медена земја“ не престанува да ја одушевува светската публика и критика.

По двете номинации за Оскар, за Најдобар документарец и Најдобар странски филм, филмот на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е една од жешките теми во холивудските кругови.

Филмот го привлече вниманието на холивудската ѕвезда Џејми Ли Кертис која не штедеше пофалби на Twitter за пораката што ја испраќа оваа моќна приказна.

„Колку совршен филм за овој момент. Медена земја е фасцинантен. Алчност. Ненаситност. Семејство. Љубов. Чест. Природа. Истрајност. Одушевена сум“, напиша Кертис, членка на Академијата за филмска уметност и наука и ќерка на филмските легенди Тони Кертис и Џенет Ли.

Уште пред номинациите, „Медена земја“ доби јавни пофалби од уште една холивудска ѕвезда – Сара Џесика Паркер – која во октомври, 2019 на Instagram напиша:

„Фасцинантна, визуелно беспрекорна, интимна, а сепак епска приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која никогаш нема да ја заборавам. Има причина зошто овој филм ги собра сите награди и признанија за документарец. Честитки до режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и благодарам што ни дозволивте да отпатуваме со вас. Би ве следела и двајцата каде и да одите.“

„Медена земја“ игра на репертоарите на Градско Кино Милениум, Синеплекс и Кинотека во Скопје, а наскоро ќе се прикажува во 3D Кино Битола, Дом на млади Штип и Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here