Џенифер Анистон го следи бившиот на Instagram, тој неа не

0
103


Џенифер Анистон направи профил на Instagram и ја „преврти“ социјалната мрежа – го сруши светскиот рекорд за најбрзо време во кое еден профил добил 1 милион следбеници, односно го сруши Гинисовиот рекорд со „време“ од 5 часа и 16 минути.

Актерката веќе има 11,2 милиони следбеници, а нејзината прва објава – селфи со колегите од серијата „Friends “ – доби 12 милиони лајкови.

Речиси веднаш почнаа да летаат заследувања и коментари, што дури доведоа до технички проблеми и некои корисници не можеа да ја заследат Анистон.

Анистон следи 121 профил на Instagram, меѓу кои и бившиот сопруг Џастин Теро, но тој уште не ѝ возвратил.

http://kajgana.com/

Актерката објави и втор пост на Instagram, видео во кое погледнува во мобилниот телефон, а потоа нервозно го фрла. Инстаграмџиите веднаш се пошегуваа дека тоа е идеалната реакција кога гледаш дека бившиот уште ти нема направено follow back, а Анистон стави само краток опис на видеото: „Жими сѐ, не сакав да го срушам… Дала ви дечки за убавото, дефектно добредојде“

Со ова Анистон секако алудираше на фактот дека „побарувачката“ за заследување на нејзиниот профил беше толку голема, што предизвика технички проблеми на Instagram и многу луѓе не можеа да ја заследат. Изгледа и Џастин Теро баш тогаш не можел да кликне follow back.

http://kajgana.com/

Двојката се венча во 2015 година и се раздели во 2018. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here