Џек Вилшер знае како да честита роденден

0
107


Некои луѓе едноставно знаат да прават роденденски изненадувања.

Фудбалерот на Вестхем Јунајтед Деклан Рајс денеска го прослави 21. роденден, а соиграчот Џек Вилшер му подготви незаборавно изненадување во пералницата на клубот од Лондон.

Вилшер (28) сѐ совршено испланира, го намести телефонот на вистинското место и чекаше Деклан да тргне кон пералницата. Потоа се скри во една од машините за перење.

Кога Рајс помина покрај затворената врата на машината Вилшер излезе и го „извади од памет“. Реакцијата на младиот англиски фудбалер навистина е непроценлива.

„Среќен роденден Деклан, уживај во твојот ден, пријателе“, напиша Вилшер во описот на видеото од изненадувањето што го објави на Instagram.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here