љубовта, патувањата, вербата или силните пријателства?

0
121


Различни нешта нè прават среќни сите нас. Но, сепак ѕвездите велат дека постојат сличности во тоа што го усреќува секој од хороскопските знаци. За среќата велат дека треба да ја држите како птица во дланките, нежно и лесно. Ако е птицата се чувствува слободно засекогаш ќе остане со вас.

 Овен

Задолжително одвојте 20 минути за себе секое утро – без разлика дали за пиење кафе, туширање или слушање музика. Ако навистина сакате нешто, дајте сè од себе тоа да се оствари, затоа што не треба да се откажете сè додека не успеете. Поставете си приоритети и посветете им повеќе време на луѓето што го заслужуваат тоа. Престанете да се грижите за врската што води никаде. Имајте прошетки секој ден, возете велосипед или правете нешто друго – вам ви треба движење затоа што во спротивно сте уморни. Не се срамете од твоите „маани“, прифатете ги за да бидете помалку напнати.


Бик

Бидете сигурни во себе и своите ставови, дури и ако се чувствувате разочарано. Сомнежот во себе води кон депресија. Не пропуштајте ја можноста да си угодите себеси и одвојте го времето за уживање од времето за работа. Вежбајте емпатија и почесто поставувајте се во позиција на другите за подобро да ги разберете. Прекумерната гордост може да ви биде непријател, особено ако ве оддалечи од оние што ги сакате. Бидете добар пријател, релациите со пријателите се едни од највредните во животот.

Близнаци

Учете и читајте, тоа го чува вашиот мозок и вашата љубопитност. Немојте да бидете мрзеливи. Негувајте го вашето хоби, дури и кога имате малку време за да не паднете во депресија. Не стапувајте во брак без претходно да живеете со некого барем една година. Барајте стабилен пријател, кој ќе знае да ве смири со неговите совети. Не се помирувајте со работното место кое не ве интересира. Посетете дополнителни обуки и обидете се да пронајдете нешто што ви се допаѓа.

Рак

Помалку озборувате и дружете се помалку со озборувачи затоа што ги впивате негативните емоции и мисли како сунѓер. Не ја пропуштајте можноста да се дружите со семејството и пријателите – таа енергија ве храни. Поставете приоритети во вашата работа и не дозволувајте еден цел ден да работите, а следниот да „легачите“ – вам ви е потребна рутина. Почнете да им верувате на другите луѓе, дајте им шанса да станат подобри. Гответе и уживајте во добрата храна, гастрономијата е вашата страст.

Лав

Немојте да се извинувате затоа што сакате внимание, љубов или убаво однесување, најдете луѓе кои знаат како да ви го овозможат тоа. Не ги прикривајте вашите фрустрации, тие ќе излезат од вас на десетпати полош начин и ќе покажат колку сте незрели. Бидете директни и искрени. Не го заземајте последното место на работа, нема да бидете среќни ако не сте одговорни за нешто. Ослободете ја вашата страст и енергија – без разлика дали преку спорт, уметност, танц, музика. Почесто дружете се и обидете се да водите активен социјален живот со различни луѓе.

Девица

Помогнете им на луѓето околу вас – така вежбате емпатија, а тоа прави да се чувствувате подобро. Прифатете се како што сте и не оправдувајте им се на другите, дружете се со оние кои споделуваат слични погледи кон животот. На работа, не земајте сè при срце, стекнете искуство и барајте нова работа ако сте незадоволни. Не плашете се да ја прекинете лошата врска, вие сте посилни отколку што мислите.

Вага

Уредете го вашиот дом, бизнис или автомобил – вашата околина има големо влијание врз вашето расположение. Научете како да кажете „не“ и да ги одбиете луѓето што го заслужуваат тоа, без да се засрамите. Не се затворајте во четири ѕида, вам ви требаат луѓе како што на растението му треба сонце. Намалете ја посесивноста и љубомората, тие ве прават огорчени и малку луди. Само правете го она што го сакате и далеку ќе стигнете.

Скорпија

Бидете лојални кон себеси и вашите желби и не бидете водени од другите. Прекумерното прилагодување од ваша страна може да направи да се почувствувате гневни, да ја прекинете комуникацијата и да станете депресивни. Отворете се пред другите и наместо само да слушате, споделете ги своите размислувања со нив. Верувајте во вашата интуиција, таа често е многу точна, без оглед на тоа какви биле околностите на почетокот. Не плашете се од негативните емоции, тие служат како издувен вентил. Хранете се здраво и избегнувајте ги пороците – тие се вашата слаба точка.

Стрелец

Зборувајте отворено, искрено и слободно – луѓето ве ценат поради тоа. Имајте верба во себе и секогаш испробајте нови работи, вашите желби се менуваат во зависност од фазата во која се наоѓате. Бидете физички активни и спортувајте затоа што ви треба движење.  Не обраќајте толку внимание на материјалните работи и не трупајте работи што навистина не ви се потребни. Не се согласувајте на ништо помалку од љубов – попрво бидете сами затоа што љубовта ќе дојде кога најмалку се надевате.

Јарец

Во секоја работа и задача вложете се целосно и резултатите ќе ве направат вистински задоволни. Изградете го вашиот карактер и искушувајте го – откажете се од цигари, нездрава храна и вежбајте. Не плашете се да бидете сами и практикувајте да одвоите квалитетно време кое ќе го посветите на себе. Вежбајте спонтаност без планирање, дозволете си да се препуштите на она што го сака вашето срце. Помагајте им на другите без размислување, тоа ве прави подобра личност и ќе ви биде возвратено.

Водолија

Водете поголема сметка за финансиите, направете план до кој ќе се придржувате и имајте барем минимална заштеда – така ќе научите да имате поодговорен пристап кон парите. Не го менувајте друштвото премногу често и ценете ги луѓето што ве сакаат. Возбудата при остварувањето на нови контакти често ја замаглува вашата перспектива. Потребна ви е поинтензивна физичка активност – како трчање или нешто каде што можете целосно да се истрошите. Не бегајте од проблемите – тоа е вашата најголема маана. Пазете се од пороците и луѓето кои ве поттикнуваат да водите нездрав живот.

Риби

Бидете отворени за нови искуства – од патувања до комуникација и деловни зделки. Слушајте ги другите и давајте им совети, тие се навистина вредни и другите ќе ве ценат поради тоа. Не обидувајте се постојано да ги задоволувате другите, особено вашиот љубовен партнер, бидејќи така може да се изгубите себеси. Бидете трудољубиви и завршете ги предвидените задачи. Во стресни ситуации, не бегајте, туку соочете се со проблемот.

Можеби сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци кои најверојатно ќе ве напуштат во 2020 година.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here