Љубовна врска на работно место – предности и маани

0
111


Во времето кога луѓето поретко излегуваат на состаноци, а сè повеќе инсталираат апликации со помош на кои можат да го најдат потенцијалниот партнер, се чини дека врските на работа се практичен начин за да ја пронајдете љубовта на вашиот живот.

Според некои статистики, 40 до 47 проценти од испитаниците, во некој момент од својата кариера се впуштиле во романтична врска со колега или колешка, додека 20% изјавиле дека се отворени за можноста да најдат партнер на работното место.

Меѓутоа, исто како и во сите врски, и во врските на работното место има предности и маани.

Недостатоци

Колку и да се трудат партнерите да бидат во дискретна врска, порано или подоцна истата ќе излезе на виделина, па може да стане предмет на озборување од страна на колегите, особено доколку се скарате или раскинете.

Доколку се случи тоа, партнерите се соочуваат со фактот дека ќе треба да се гледаат секојдневно.

Врска со надреден

Врската со шефот е комплициран работно-приватен однос кој може да биде загрозувачки за сигурноста на работата и кариерата на двете страни.

http://kajgana.com/

Исто така, овој однос влијае и на сите вработени кои можат да дадат замерка дека личноста напредува заради љубовната врска со шефот или директорот. Исто така, доколку врската пропадне, голема е можноста вработениот да си замине од компанијата.

Врски со омажени или оженети

Врските со омажени или оженети луѓе, ги ставаат вработените во многу непријатна ситуација, а со тоа и останатите вработени во претпријатието.

Во таквите ситуации, колегите се фрустрирани, па дури и лути на парот кој има афера на работното место.

Предности

Партнерот како поддршка

Со оглед на тоа дека многу луѓе денот го поминуваат на работа, а имаат партнер кој работи во истата компанија и со исто работно време може да биде олеснувачки фактор. Исто така, и пристигнувањето на работа и заминувањето дома е многу попријатен чин доколку го делите со партнерот. Во било кој дел од денот може да му се обратите за искрен и пријателски совет.

http://kajgana.com/

Ефект на близина

Ефектот на близина е психолошки феномен кој влијае на тоа повеќе да ни се допаѓаат работи и личности кои ни се физички поблиску и со кои сме во секојдневна интеракција.

Во едно истражување се покажа дека дури 94 проценти од љубовните врски се случуваат помеѓу вработените кои се наоѓаат во истата зграда, а 34 проценти кај вработените кои ја делат истата канцеларија.

Ефект на сличност

Луѓето се привлекуваат помеѓу себе со заедничкиот поглед на свет и заедничките интереси, а психолозите сметаат дека ваквите врски се и постабилни.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here