Јуве вечер со Роналдо ќе го напаѓа Атлетико

0
137


Добра вест за „Бјанконерите“ е што Кристијано Роналдо е назад во тимот за вечерашниот натпревар и борбата за првото место во групата против мадридски Атлетико.

Јувентус на „Алијанц“ стадионот во Торино вечер од 21 часот го пречекува Атлетико во борба за првото место од групата Д.

Откако го пропушти незгодното гостување во Бергамо кај Аталанта поради повреда на коленото, Кристијано Роналдо се враќа во стројот токму на време за пресметката со тврдиот мадридски тим на Диего Симеоне. Самиот Роналдо синоќа на Twitter се пофали дека е назад во акција, па Марицио Сари ќе го има на располагање вечерва.

Атлетико му е омилен противник на Португалецот особено кога станува збор за тресење на мрежата. Роналдо на „Јорганџиите“ досега им има дадено 25 голови и нормално дека се надева вечерва да ја збогати оваа бројка со уште некој гол.

Првиот натпревар на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид заврши 2:2 и тогаш Роналдо не го најде патот до мрежата на Јан Облак. Сезонава во Лигата на шампионите не му оди на Португалецот онака како што посакува бидејќи на 4 натпревари успеа само да постигне гол против Баер Леверкузен.

На табелата Јуве води со 10 бода пред Атлетико кој има 7. Јувентус е и сигурен патник во осминафиналето, но доста важно е и дали таму ќе влезе како прв или втор во групата.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here