Јубилејниот 20-ти „OFFest“ одложен за ноември

0
12


Годинешното јубилејно 20-то издание на „OFFest“ нема да се одржи во планираните термини од 2 до 6 јуни годинава.

Како што соопштуваат организаторите во соопштение, единствена причина за одложувањето на веќе подготвената фестивалска програма е доцнењето на договорот и придружната документација, (а со тоа и благовремената исплата на неопходниот аванс) од Министерството за култура.

– Ова е прв ваков случај во историјата на „OFFest“, како и на постариот „Скопски Џез Фестивал“, на кој искрено се надеваме дека нема да му се случи нешто слично. Новите термини на „OFFest“ се 9-13 ноември 2021. Фестивалот, годинава со значително скратен буџет, во најголем дел ќе ја зачува веќе подготвената програма, првично предвидена за реализација во јуни, со истото планирано фестивалско отворање – концертот на модерниот фадо дует Лина-Раул, колаборативен проект на португалската фадо дива Лина Родригеш и популарниот шпански артист Раул Рефри, еден од најбараните и најиновативните светски продуценти во моментов, наведуваат од „Скопски Џез Фестивал“.

Овој проект, кој лани кулминираше со албумот „Lina_Raül Refree“ (Glitterbeat), своевидна модерна посвета на музиката на големата фадо легенда Амалиа Родригеш, се посочува, беше оценет од критиката како еден од клучните настани на светската музичка сцена во 2020 година. Во рамки на првата фестивалска вечер на „OFFest 2021“ ќе биде прикажан и документарниот филм „The Art of Amália“, посветен на кралицата на португалското фадо Амалиа Родригеш.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here