Јон Фрчкоски: Не сме добиле навестување дека Мундијалот на непризнаени држави ќе се игра во Скопје

0
116


Јон Фрчкоски, директор во секторот за правни и општи работи во АД за Стопанисување со станбен и деловен простор, во изјава за МИА ги дематира пишувањата во некои македонски медиуми дека на Арената „Тоше Проески“ во Скопје ќе се игра Светско фудбалско првенство на непризнаени држави и малцински заедници.

– Ниту сме имале, ниту имаме навестување за барање за одржување на вавков настан на Арена „Тоше Проески“. По шпекулациите во дел од медиумите во врска со овој настан, разговарано е во нашето претпријатие и заклучено дека немаме интенција да го отстапиме стадионот на користење за фудбалски натпревари на било кој субјект, освен на македонски екипи и се разбира на репрезентацијата. Мислам дека сите други заинтересирани за одигрување фудбалски натпревари на нашиот стадион, прво треба да ја контактираат Фудбалската федерација на Македонија. А колку што ми е познато, ниту ФФМ нема никави сознанија за организирање на ваков Мундијал кај нас, изјави Фрчкоски.

АД за Стопанисување со станбен и деловен простор е задолжено за стопанисување со Арената „Тоше Проески“.

Светската конфедерација КОНИФА, пандан на ФИФА за непризнаените земји и народи, на својот официјален профил на Twitter и на својата веб-страница уште во декември потврди дека домаќин на претстојното Светско првенство ќе биде нашиот главен град, а веста деновиве ја пренесе и BBC.

https://kajgana.com/

https://kajgana.com/

Првично домаќин на Мундијалот требаше да биде Сомалиланд, непризната земја која сака да се отцепи од Сомалија. Тие сами се откажаа од организацијата без да наведат причина, па КОНИФА мораше да бара алтернатива.

https://kajgana.com/

„Пресреќни сме што можеме да објавиме дека Скопје ќе биде наредната локација на КОНИФА Светското првенство. Тоа е фантастичен град со одлични услови и уште отсега со нетрпение очекуваме да се упатиме таму наредното лето и да гледаме одличен фудбал“, потврди Саша Диркор, генералниот секретар на КОНИФА.

КОНИФА веќе ја одржа и жрепката и ги одреди групите за Мундијалот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here