Ја видела главната актерка од ТВ серија како спие во нејзиниот кревет- кинески продуцентски куќи ќе треба да плаќаат казна

0
6


Судот во Кина им наложи на две продуцентски куќи на ТВ-драмска серија и една агенција за недвижнини да ѝ платат вкупно 400.000 јуани (83.000 американски долари) на една жена затоа што ја користеле нејзината вила за снимање сцени за серија без нејзино одобрение.

Жената изнајмила агенција за управување со недвижнини да ја чува нејзината викендица кога таа не е таму. Во текот на нејзиното отсуство, компанијата им дозволила на неколку телевизиски екипи да влезат во куќата и да снимаат, и наплатувала надомест без знаење или согласност на сопственичката, пренесува „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Жената, идентификувана во судските документи само со презимето Лин, сфатила дека нејзината куќа ја користеле други кога ја гледала ТВ-серијата Heart-to-Heart Dialogue во септември 2019 година. Таа изјави дека се шокирала кога ја видела главната актерка како спие во нејзиниот кревет.

Лин ја купила вилата во Сикси, Зeијанг за 30 милиони јуани во 2014 година, објави порталот за вести The Paper.

Бидејќи живее во Хангжу, таа потпишала договор со компанијата за управување со недвижнини, чие име не беше објавено во кинеските медиуми, да се грижи за вилата додека таа е отсутна пред да им ги предаде клучевите.

Сопственичката тврди дека над 60 сцени се снимени во вилата, вклучително и во главната спална соба и дека ТВ-екипата предизвикала материјална штета, вклучувајќи скршено стакло, исфлекани теписи, расипан лифт и оштетен мебел.

Судот им наложил на двете продуцентски компании и на агенцијата за недвижнини да ја поделат сумата на оштетата меѓу себе.

Макфакс





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here