Јапонски градоначалник стана хит поради Џо Бајден

0
35


Градоначалникот на малиот јапонски град Јамато, Јутака Умеда, стана интернет sвезда откако луѓето сфатија дека, според јапонскиот правопис, неговото име може да се прочита и како „Џо Бајден“.

„Се чувствувам многу близок до него. И, се чувствувам како јас да победив на изборите, откако слушнав дека Бајден се очекува да победи“, вели 73-годишниот градоначалник.

Имено, на јапонски јазик, буквите за слоговите „уме” 梅 и „да” 田 во неговото презиме може да се изговорат и како „бај” и „ден”, додека онаа за „Јутака” 穣 се чита и како „Џо“.

Јамато, во југозападната јапонска префектура Кумамото има помалку од 15.000 жители, од кои многумина се надеваат дека таткото на гратчето можеби може да ја искористи оваа неочекувана врска. Умеда, од своја страна, се надева дека тоа ќе помогне светот да чуе за градот.

„Претседателот на велесила како Соединетите Американски Држави и градоначалникот на Јамато имаат сосем поинаков обем на работа. Но, јас би сакал да размислувам за пропорционални начини за промоција на градов“, рече Умеда.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here