Јанева нема да дава исказ за „Рекет“ во оваа фаза

0
110


Скопје, 8 октомври 2019 (МИА) – Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот „Рекет“, во оваа фаза нема да дава исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Јанева, како што потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчковска, ќе го задржи правото во однос на предлагање сведоци и докази понатаму во постапката.

– Иако рокот за доставување докази на одбраната е до десетти, тоа право го имаме до почеток на главната расправа и ќе го искористиме во таа фаза, изјави Фрчковска.

Посочи дека се во исчекување на одлуките во врска со барањето за укинување на притворот и дадената гаранција.

– Очекуваме овие денови Апелациониот суд да донесе одлука и за нашиот предлог. Сметаме дека се исполнети сите услови за укинување на мерката и замена со поблага мерка притвор, изјави  Фрчковска.

Првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 денеска не даде исказ во Обвинителството, иако беше спроведен од КПУ Затвор Скопје, каде се наоѓа во притвор. На Јовановски му се слоши и на носилка и со возило на брза помош беше однесен од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во една од скопските клиники.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here